Најмал заеднички содржател
(Пренасочено од НЗС)
Во аритметиката, најмалиот заеднички содржател (НЗС) од два цели броја е најмалиот природен број што е делив со двата без остаток. Ако еден од дадените броеви е нула, нивниот најмал заеднички содржател по дефиниција е нула. Аналогно на тоа се дефинира и најмалиот заеднички содржател на повеќе цели броеви.
Најмалиот заеднички содржател, на пример, дозволува собирање дропки со различни именители. Пример: најмал заеднички содржател за броевите 5 и 3 би бил бројот 15. Најмалиот заеднички содржател е неопходен и при одземање на дропки, бидејќи поинаку не може да се одземаат.
Поврзано
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |