Музеј на народната архитектура (Киев)

Музејот на народната архитектура на Украина или Пироговскиот музеј (украински: Музей народної архітектури та побуту України) е музеј кој се наоѓа во Киев, Украина.

Музеј на народната архитектура
Музей народної архітектури
Поглед кон старите градби
Карта
Основан6 февруари 1969
МестоПирогов, Киев,  Украина
Типнароден стил
Фонднад 70.000 предмети
ДиректорВасиленко Тамара Николаевна
Мреж. местоhttp://nmnapu.org.ua/

Музејот уште се нарекува и музеј на природата, архитектурата и пејзажот, како и комплекс на сите историски и етнографски региони на Украина.

Музејот бил основан на 6 февруари 1969 година и денеска има површина на музејот е 133,5 хектари. Основањето претходела на преземаната иницијатива за основање на еден таков вид на музеј уште од 14 август 1965 година во еден дневен весник.

Денеска, музејот содржи над 70,000 предмети на народна архитектура, работи од народната уметност и алатки, кои биле донесени од сите делови на земјата. Целата територија на музејот е поделена на неколку сектори, и секој еден од нив ја претставува народната архитектура и култура на одреден реон од Украина.

Самиот музеј содржи огромна колекција од облека, мебел, дрво и керамика, народни музички инструменти, како и локална администрација, стари дрвени селски цркви. Вработените во музејот, односно водичите исто така се облечени во стара народна облека.

Галерија

уреди