Мугра (Микеланџело)
Мугра — мермерна скулптура (155 × 180 cm, максимална должина 206 cm) од Микеланџело, за која се верува дека е изработена во раздобјето 1524-1527 година и е дел од декорацијата на Новата сакристија на црквата Св. Лаврентиј во Фиренца. Таа е една од четирите алегориски делови на денот и се наоѓа на десната страна на саркофагот на гробот на Лоренцо де Медичи, војводата од Урбино.
Творец | Микеланџело |
---|---|
Година | 1524–1527 |
Димензии | 180 см × 155 см |
Место | Галерија на Академијата, Фиренца, Италија |
Историја
уредиМугра Микелаџело започнал да ја работи во фазата по обновувањето на работите на сакристијата во 1524 година, по изборот на папата Климент VII на папскиот престол. До 1527 година била завршена затоа што таа година се појавила во графиката Триумф на Фортуната на Сигисмонд Фанти.
Опис
уредиМугра (итал. Аурора или Алба) се појавува како полулегната и гола женска персонификација, како и другите статуи од низата. на триумфалната порта на Септимиј Север во Рим како свој модел. Нејзината глава е со превез, а таа прави гест како да се буди од сон, се крева од креветот и го врти торзото кон гледачот, со еден лакт свиткан за поддршка, а со другата рака испружена нагоре, на ниво на рамото, како да бара превез, да го дигне. Едната нога е млитаво испружена на профилот на саркофагот, другата е свиткана напред, барајќи потпора.
Меѓу различните предложени иконолошки содржини, се вели дека статуата претставува симбол на „горчина“ или како болка со посредство на меланхоличен темперамент или како симбол на божествена светлина што бега од темнината или сангвистичен темперамент или елемент на воздух или дури и земја.
-
Детали за лицето
-
Студија на Микеланџело
Заедно со неговата Ноќ, Микеланџело ја нацртал идејата за својата скулптура од античката Заспана Аријадна.[1] Ова влијаело на статуата на Нимфата од Фонтенбло на Бенвенуто Челини.[2]
Наводи
уреди- ↑ Regoli, Gigetta Dalli; Gioseffi, Decio; Mellini, Gian Lorenzo; Salvini, Roberto (1968). Vatican Museums: Rome. Italy: Newsweek. стр. 27.
- ↑ De la Croix, Horst; Tansey, Richard G.; Kirkpatrick, Diane (1991). Gardner's Art Through the Ages (9. изд.). Thomson/Wadsworth. стр. 672. ISBN 0-15-503769-2.
Литература
уреди- Umberto Baldini, Michelangelo scultore, Rizzoli, Milano 1973.
- Marta Alvarez Gonzáles, Michelangelo, Mondadori Arte, Milano 2007. ISBN 978-88-370-6434-1