Мртва природа со скица според Делакроа

Мртва природа со скица според Делакроа — слика масло на платно на францускиот уметник Пол Гоген. Се верува дека ова дело без датум е насликано за време на престојот на уметникот во Мартиник во 1887 година. Рејмонд Кохлин (од семејството Кехлин) во 1931 година му ја донирал сликата на Музејот за модерна и современа уметност каде што и денес е изложена и се чува под инвентарниот број 55.974.0.662.

Мртва природа со скица според Делакроа
Творец Пол Гоген
Година 1897
Тематика мртва природа
скица од Ежен Делакроа
Димензии 45 см × 30 см
Место Музеј на модерна и современа уметност, Стразбур

Сликата претставува мртва природа со егзотични плодови и големо стаклено шише на дрвена маса, на ѕидот во позадина е насликана гравура според скица на Ежен Делакроа, што ги претставува Адам и Ева, истерани од Рајот „спротивставувајќи се на традиционалниот рај, оној на западната цивилизација, на еденскиот и невиниот примитивен живот, претставен со раскошната и дарежлива природа што ја дава далечниот остров[1]“.

Наводи

уреди
  1. Citation du musée

Надворешни врски

уреди