Мрзнење
Замрзнување или зацврстување/солидификација — преодна фаза во која течноста преминува во цврста фаза кога температурата на тоа тело е намалена под неговата точка на замрзнување.
За повеќето супстанци, точката на топење и точката на замрзнување се на иста температура, но некои супстанци поседуваат променливи температури на премин меѓу течна и цврста состојба. На пример, агарот има хистерезис во точките на топење и замрзнување. Се топи на 85 °C а се зацврстува на 31 °C до 40 °C.
Кристализација
уредиПовеќето течности замрзнуваат со кристализација – формација на кристално цврсто тело од чиста течност. Ова е термодинамичка транзициона фаза од прв ред, што значи дека сè додека цврстото тело и течноста коегзистираат, температурата на целиот систем останува многу блиску до еднаква на точката на топење, поради спорото отстранување на топлината при контакт со воздух, кој е многу слаб топлински спороводник. Поради latent heat of fusion, замрзнувањето е многу успорено и температурата нема да продолжи да опаѓа кога замрзнувањето ќе почне, но ќе опаѓа кога замрзнувањето ќе заврши. Кристализацијата се состои од две важни фази: nucleation и crystal growth. Nucleation е фазата во која молекулите почнуваат да се собираат во јата, на нанометарски нанометар скали, подредувајќи се на дефиниран и периодичен начин што ја одредува кристалната структура. Кристалното растење е последователното растење на јадрата што успеваат во постигање на кристичната величина на јатата.
Суперладење
уредиИ покрај вториот закон во термодинамиката, кристализацијата на чистите течности обично почнува на пониска температура од точката на топење, поради висока енергија на активација на хомогено nucleation. Создавањето на јадро наговестува формација на интерфејс на границите на новата фаза. Дел од енергијата оди за формирање на овој интерфејс, зависно од површинската енергија на секоја фаза. Ако хипотетичко јадро е премало, енергијата што би се ослободила при формирањето на неговиот волумен не е доволна да се формира и површина, па така нуклеацијата не настапува. Замрзнување не почнува сè додека температурата не е доволно ниска да овозможи доволно енергија за формирање на стабилни јадра. Во присуство на неправилности на површината на садот, претходно формираните кристали, или други нуклеатори, хетерогена нуклеација може да се случи, каде што дел од енергијата е ослободена од делумното уништување на претходниот интерфејс, покачувајќи ја точката на суперладење да биде иста или слична со точката на топење. Точката на топење на водата на еден атмосферски притисок е многу блиска до 0 °C, и во присуство на нуклеирачки супстанци, точката на замрзнување е слична со точката на топење, но во отсуство на нуклеатори водата може да се суперизлади на -40 °C пред замрзнување.[1][2] Под висок притисок (2.000 атмосфери), преку суперладење водата ќе се излади до −70 °C (203 K) пред да замрзне.[3]
Егзотермичност
уредиЗамрзнувањето е скоро секогаш егзотермички процес, што значи дека при промената на агрегатната состојба на течноста во цврста, топлина и притисок се ослободуваат. Вообичаено ова е неинтуитивно,[4] затоа што температурата на материјата не се покачува при замрзнување, освен ако течноста не се суперлади. Но ова може да се сфати, бидејќи топлината мора
континуирано да се оттрга од замрзнувачката течност, или замрзнувачкиот процес ќе престане. Енергијата ослободена при замрзнување е latent heat, позната како енталпија на соединување, и е иста како енергијата потребна да се стопи иста количина од телото во цврстата состојба.
Хелиум е единствениот познат исклучок од генералното правило.[5] Хелуим-3 има негативна енталпија на соединување на температури под 0.3 К. Хелиум-4 исто така има многу малку негативна енталпија на соединување под 0.8 К. Ова значи дека, под соодветен константен притисок, топлина мора да се додаде на овие супстанци со цел да се замрзнат.[6]
Витрификација
уредиНекои материјали, како стакло и глицерол, можат да се зацврстат без кристализација. Ваквите матеијали се викаат аморфни цврсти тела. Аморфните материјали, како и некои полимери, немаат точка на замрзнување (поради фактот што нема брза промена во состојбата на некоја температура). За разлика, постепена промена во нивните вискозно-еластични својства се случува. Ваквите материјали се карактеризирани со стаклена транзиција. Бидејќи витрификацијата е неурамнотежен процес, не се кфалификува како замрзнување, што бара рамнотежа меѓу кристалната и течна состојба.
Експанзија
уредиНекои супстанци, како вода и бизмут, се прошируваат кога замрзнуваат.
Замрзнување на живите организми
уредиМногу живи организми се способни да толерираат температури под точката на замрзнување на водата.[7] Замрзнувањето предизвикува повреди на епителот и хранливите состојки во внатрешноста на ткивата на растенијата се додтапни за бактериите.[8]
Зачувување на храната
уредиЗамрзнување на храната е често користен метод за зачувување на храната, што ги успорува и распаѓањето на храната и ги размножувањето на микро-организмите.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Lundheim R. (2002). „Physiological and ecological significance of biological ice nucleators“. Philosophical Transactions of the Royal Society B. 357 (1423): 937–943. doi:10.1098/rstb.2002.1082. PMC 1693005. PMID 12171657.
- ↑ Franks F. (2003). „Nucleation of ice and its management in ecosystems“ (PDF). Philosophical Transactions of the Royal Society A. 361 (1804): 557–574. Bibcode:2003RSPTA.361..557F. doi:10.1098/rsta.2002.1141. PMID 12662454.
- ↑ Jeffery, CA; Austin, PH (November 1997). „Homogeneous nucleation of supercooled water: Results from a new equation of state“. Journal of Geophysical Research. 102 (D21): 25269–25280. Bibcode:1997JGR...10225269J. doi:10.1029/97JD02243.
- ↑ What is an exothermic reaction? Scientific American, 1999
- ↑ Atkins, Peter; Jones, Loretta (2008), Chemical Principles: The Quest for Insight (4. изд.), W. H. Freeman and Company, стр. 236, ISBN 0-7167-7355-4
- ↑ Ott, J. Bevan; Boerio-Goates, Juliana (2000), Chemical Thermodynamics: Advanced Applications, Academic Press, стр. 92–93, ISBN 0-12-530985-6
- ↑ Maki LR, Galyan EL, Chang-Chien MM, Caldwell DR; Galyan; Chang-Chien; Caldwell (1974). „Ice nucleation induced by pseudomonas syringae“. Applied Microbiology. 28 (3): 456–459. PMC 186742. PMID 4371331.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Zachariassen KE, Kristiansen E; Kristiansen (2000). „Ice nucleation and antinucleation in nature“. Cryobiology. 41 (4): 257–279. doi:10.1006/cryo.2000.2289. PMID 11222024.
Надворешни врски
уредиВидете freezing во Викиречник, слободниот речник. |
- Video of an intermetallic compound solidifying/freezing Архивирано на 10 декември 2015 г.