Мост Илок — Бачка Паланка
Мост Илок — Бачка Паланка, претходно познат како Мост 25 Мај — мост на Дунав што ги поврзува градовите Илок во Хрватска и Бачка Паланка во Србија. Долг е 825 метри. Отворен е на 19 мај 1974 година под името Мост 25 Мај, на роденденот на Јосип Броз Тито. Оштетен е, по повеќе обиди, при бомбардирањето на НАТО на 4 април 1999 години. Бил обновен три години подоцна, на 30 април 2002 година, а оттогаш по него повторно почнале да поминуваат камиони и автобуси, што не било дозволено од 1999 година.[1][2]
Мостот е и граничен премин, а во близина има дополнителен копнен премин кон селото Нестин на запад.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Mostovi na gornjem toku Dunava“. Politika. 28 август 2010.
- ↑ „Obnovljen most izmedju Iloka i Backe Palanke“. B92. 30 април 2002.
- ↑ „Granični prijelazi i područja nadležnosti carinarnica“ (PDF) (хрватски). Croatian Customs Administration. 30 јануари 2009.
Надворешни врски
уреди- Фотографија на мостот одблизуАрхивирано на 8 април 2018 г.