Мостот Вериге е мост планиран да ги поврзе општините Херцег Нови и Тиват, разделени со Которскиот залив, преку преминот Вериге, кој се наоѓа на најтесниот дел од заливот. Мостот ќе биде дел од Јадранската магистрала. Фазата на проектот е завршена, работите може да започнат веднаш штом ќе се обезбедат финансиски средства. Се проценува дека проектот би чинел 48,5 милиони американски долари.[1] Со оглед на тоа што Которскиот залив е дел од светското наследство на УНЕСКО, УНЕСКО имале одредени сомнежи за проектот.[2]

Наводи

уреди
  1. Summary of the project Архивирано на 5 декември 2004 г.. Agency of Montenegro for Economic Restructuring and Foreign Investments. Accessed on July 4, 2007.
  2. 29COM 7B.84 - Natural and Culturo-Historical Region of Kotor (Serbia and Montenegro). Decision of the World Heritage Committee. Accessed on July 4, 2007.