Моник Адолф
Моник Адолф (француски: Monique Adolphe; 23 јули 1932, во Париз[1]) е француски научник и истражувач во областа на цитологијата. Таа е една од пионерите на култура на вонтелесни клетки и нејзините примени во алтернативите за животинско тестирање. Таа е добитник на Орденот на Почесната легија, како и на бројни други одликувања и награди.
Животопис
уредиПо нејзиното фармаколошко стажирање во Хотел-Дие де Париз под менторство на Жан Чејмол во 1950-тите, Моник Адолф во 1960 ги насочува своите истражувања во полето на култура на клетки. Со Пол Лехат се жестоки застапници на идејата за алтернативни методи при животинското тестирање, промовирајќи употреба на вонтелесно оплодување, во исто време препознавајќи ги и границите на овие методи.[2]
Голем дел од нејзината истражувачка кариера е посветена на проучување на 'рскавицата и хондроцитите.[3] Како Истражувачки директор на Лабораторијата за клеточна фармакологија при Школата за истражување до 1997, таа обучува голем број млади научници за методите на култура на клетките. Во 1986 го основа Société de pharmaco-toxicologie cellulaire ("Друштво за клеточна фармако-токсикологија") (СПТЦ).
Од 1990 до 1994 Моник е претседател на École pratique des hautes études. На 7 јануари 2009 станува претседател на Académie Nationale de Pharmacie ("Национална академија за фармација")[4][5] во рок од една година - првата жена на оваа позиција уште од основањето на Академијата во 1803.
Почести и одликувања
уреди- Член на Националната академија за медицина (Académie Nationale de Médecine) (избрана 2001)
- Почесен член на Националната академија за фармација (избрана во 1984, почесен член од 2002); Вицепретседател од март, 2008; Претседател од јануари, 2009
- Странски почесен член на Кралската академија за медицина на Белгија (Académie royale de médecine de Belgique)[1]
- Почесен претседател на Друштвото за клеточна фармако - токсикологија
- Honorary President of the European Society of tissue culture
- Орден на офицер на Почесната легија
- Орден на заслуги[6]
- Орден Академски палми
Библиографија
уреди- Молекуларна фармакологија, Ив Коен со Моник Адолф, ед. Масон, 1978.
- Напредоци во физиолошките науки, том 10: Хемотерапија, Моник Адолф, издавач: Franklin Book Company, Inc, 1979. ISBN 0-08-023214-0.
- Култура на животински клетки, Моник Адолф и Џорџија Барловац-Мејмон, ед. ИНСЕРМ, 1987.
- Вонтелесни методи во фармако-токсикологија, Моник Адолф и Андре Гилоузо, ед ИНСЕРМ, 1988, ISBN 2-85598-350-9.
- Биолошки регулации кај хрондоцитите, Моник Адолф, издавач: CRC Pr Llc, 1992. ISBN 0-8493-6733-6.
- Култура на животински клетки, Џорџија Барловац-Мејмон и Моник Адолф, ед. ИНСЕРМ, 2003. ISBN 2-85598-753-9.
Наводи
уредиЗабелешка од преведувачот: Овие се на француски.
- ↑ 1,0 1,1 (француски) Monique Adolphe on the website of the Académie royale de médecine de Belgique.
- ↑ „Tests in vitro, utiles mais pas suffisants: Entretien avec Monique Adolphe“. Fondation pour la recherche médicale. 2000-04-11. Архивирано од изворникот на 2011-07-26. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ „Arthrose: des nouvelles pistes de traitement“. Le Figaro. 2006-10-27. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ „Monique Adolphe élue présidente de l'Académie nationale de pharmacie“. My Pharma editions. 2009-01-05.
- ↑ „l'annuaire de l'Académie nationale de pharmacie“. Académie Nationale de Pharmacie. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ „Décret du 16 mai 2008 portant promotion et nomination“. Journal Officiel de la République Française. Légifrance. 2008-05-17. Посетено на 2009-05-28.
Надворешни врски
уредиЗабелешка од преведувачот: Овие се на француски.