Моника Илиева
Моника Илиева (4 март 1993 во Кочани) e претприемач и ко-основач на продуцентската и издавачка куќа и агенција за менаџирање на артисти Cafe De Anatolia (и нејзините подбрендови).[1] Од 2022 година Moника Илиева станува член на Forbes Business Council на Forbes организацијата за најуспешни млади претприемачи и бизнис лидери од целиот свет, по добиената ексклузивна покана.[2]
Моника Илиева | ||
Роден | 4 март 1993 Кочани, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | активист, претприемач | |
Татко | Billy Esteban | |
Роднини | Nickarth |
Живот и кариера
уредиМоника Илиева е родена на 4 март 1993 година во Кочани во фамилија на музичари — татко Billy Esteban и брат Nickarth. По завршувањето на средното училиште во Виница „Ванчо Прке“ се запишува во Словенија на Универзитетот во Љубљана отсек Меѓународни односи и Дипломатија. Една третина од своето студирање го поминува како Еразмус студент на Американскиот Колеџ во Бугарија AUBG во Благоевград.
На крајот од додипломските студии решава да ја остави работата во UNICEF во Љубљана, како аналитичар на податоци и ја основа музичката продуцентска куќа и агенција за менаџирање на артисти Cafe De Anatolia во 2017 со нејзиниот татко Зоран Илиев (Billy Esteban) и брат Никола Илиев (Rialians on Earth/Nickarth).[3][4][5] Cafe De Anatolia постигнува голем успех за само три години постоење, а до ден денес има издадено повеќе од 6000 музички композиции и изданија. Cafe De Anatolia располага со најголем ексклузивен лиценциран музички каталог во жанрот "Organic House" на светско ниво, менаџирајќи над 4000 музичари од многу земји ширум светот и прераснувајќи во меѓународно признат музички колектив што продуцира, издава и промовира organic house, chillout, afro house, deephouse и електронска музика.[6]
Во 2018 се запишува на магистерски студии во Љубљана, отсек Стратешки Маркетинг и Студии за Брендирање, што помага значително во развивањето на брендот на Cafe De Anatolia.[1] Во 2019 заедно со нејзиниот брат ja основа втората музичка куќа Aodion Records. А потоа ги основаат и подбрендовите на Cafe De Anatolia — Camel, CDA Records, Camelmove, CDA Mag, Desert Rose, Melodic итн. Во 2021 магистрира на Универзитетот во Љубљана (Fakulteta za družbene vede) со трудот со наслов: “Neodvisne (Indie) glasbene založbe na družbenih omrežjih: magistrsko delo”.[7] Во 2022 е изберена за најуспешен студент на Универзитетот во Љубљана.[8]
Галерија
уреди-
Основачи на Cafe De Anatolia
-
Моника Илиева на Forbes Under 30 самит 2023
-
Моника Илиева со Хилари Клинтон
-
Моника Илиева со Maye Musk
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Утринско кафе со Моника Илиева“. Женски магазин. 24 јули 2019. Посетено на 21 април 2021.
- ↑ „Monika Ilieva, CEO and Co-Founder - Cafe De Anatolia“. Forbes Business Council. Посетено на 21 јануари 2024.
- ↑ „Know how to build a brand community on social media from the co-founders of Cafe De Anatolia Nikola Iliev, aka Nickarth and Monika Ilieva“. US Times Now. 25 ноември 2020. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Growing rapidly as an independent record label, doing it all is Cafe De Anatolia by Monika Ilieva and Nikola Iliev, aka Nickarth“. Medium. 8 декември 2020. Посетено на 28 април 2021.
- ↑ „Meet Monika Ilieva and Nikola Iliev, aka Nickarth, the astute minds and visionaries behind the staggering growth of Cafe De Anatolia, a leading independent record label“. The Open News. 12 ноември 2020. Посетено на 28 април 2021.
- ↑ Bailey, Adam (13 август 2020). „Get To Know: Cafe De Anatolia“. Music Talkers - Latest Music News & Artist Exposure (англиски). Посетено на 17 април 2021.
- ↑ Ilieva, Monika (2021). „Neodvisne (Indie) glasbene založbe na družbenih omrežjih : magistrsko delo“. University of Ljubljana, Faculty of Social Sciences. Посетено на 21 јануари 2024.
- ↑ „Uspehi naših diplomantov in diplomantk“. FDV - Fakulteta za družbene vede (англиски). Посетено на 21 јануари 2024.
Надворешни врски
уреди„Моника Илиева“ на Ризницата ? |
- Моника Илиева на Instagram
- „Cafe De Anatolia's owners Monika Ilieva and Nikola Iliev, aka Nickarth, explain the financial aspect of a record label“. Time Bulletin. 16 декември 2020. Архивирано од изворникот на 2021-07-27. Посетено на 28 април 2021.
- „Постави стандарди на светската музичка сцена: Кој стои зад Cafe De Anatolia – бренд за кој пишуваат и светските медиуми?“. Женски магазин. 9 декември 2020. Посетено на 28 април 2021.
- „Read on to know how record label Cafe De Anatolia is growing strong“. NewsWebsite. 10 февруари 2021. Посетено на 28 април 2021.