Мондо (филм)
Мондо ― француски драмски филм од 1995 година, напишан и режиран од Тони Гатлиф, заснован на расказот на Ж.М.Г. Ле Клезио.[1] Филмот дебитирал на Францускиот филмски фестивал „Унифранс“ во Јапонија во 1995 година, а премиерно бил прикажан во Франција на 17 април 1996 година.
„Мондо“ | |
---|---|
Режисер | Тони Гатлиф |
Продуцент | Мишел Рај-Гавра |
Главни улоги | Оводиу Балан Филип Петит Пјерет Феш Џери Смит Шала Алам |
Музика | Ален Вебер |
Кинематографија | Ерик Гишар |
Монтажа | Никол Д. В. Берканс |
Студио | Canal+ Национален центар за кинематографија (Франција) (СБК) K.G. Productions |
Дистрибутер | Canal+ (Франција) Shadow Distribution (Соединети Држави) |
Премиера | април 17 1996(Франција) |
Времетраење | 80 минути |
Земја | Франција |
Јазик | Француски, англиски |
Заднина
уредиЅвездата на филмот, Овидиу Балан, имал 11 години кога бил сниман филмот. Тој е романски циган кој бил земен под режисерската палка со помош на француската влада.[2] Гатлиф го создал филмот како дело на темите на „немирниот и слободен“ Циган, за разлика од поимните населби предложени за синтските и ромските населенија во ЕУ. За разлика од сличните филмови за деца на улица, како што се Салам Бомбај или Пиксот, овој филм бил наменет како бајка за еден вид митски дух кој ги допира животите на отфрлените луѓе во општество исполнето со предрасуди кон Циганите.
Синопсис
уредиФилмот следи едно момче сираче кое преживува во Ница преку добрината на странците и неговата сопствена генијалност. Еден ден Мондо (Овидиу Балан) се појавува на улиците на Ница. Тој нема семејство, нема имот, нема школување, но споделува блескава насмевка и добар дух. Бидејќи е повеќе дома во градините, полињата и крајбрежјето на градот, се чини дека го обзема вревата на градот. Тој има добри инстинкти за преживување, избегнувајќи полиција и им се заканува на возрасните во потрагата по семејство.
Улоги
уреди- Овидиу Балан како Мондо
- Филип Петит како Магионичарот
- Пјеррет Феш како Ти Чин
- Џери Смит како Дади
- Шахла Алам како Пријателот на магионичарот
- Морис Морин како рибарот Џордан
- Катерин Брин како Црковен солист
- Анж Гоби како Поштарот
- Жан Ферие како Началник на полицијата
- Марсел Лемуе како Птичарот.
- Надја Кутаја како Пекарката
- Пјер Клуман како Пуканкарот
Признанија
уредиНагради и номинации
уреди- 1998 година, Сертификат за заслуги од жирито за возрасни за „Игран филм и видео“ на Меѓународниот детски филмски фестивал во Чикаго[3]
Прием
уредиПретходниот филм на Гатлиф, Лачо Дром, претставил романтичен портрет на циганската музика и култура. Тој го носи истиот сензибилитет на овој лирски Мондо, слика со тажни очи на универзалниот аутсајдер, најнепосакуваниот во Франција.[4] Се опишува дека Mondo визуелно потсетува на оние ретки денови кога светот блескал како да е сосема нов, сместен на улиците и пристаништата на францускиот пристаништен град Ница.[5]
Наводи
уреди- ↑ Stephen Holden (30 мај 1997). „'Gypsy Boy on the Run Sees Beauty in Every Raindrop'“. The New York Times.
- ↑ Peter Stack (9 јуни 1997). „Mondo a Wandering Wonder“. [San Francisco Chronicle.[мртва врска]
- ↑ „15th ANNUAL CHICAGO INTERNATIONAL CHILDREN'S FILM FESTIVAL 1998 AWARDS“ (PDF). Chicago International Children's Film Festival<. 1998. Архивирано од изворникот (PDF) на 23 мај 2011. Посетено на 3 април 2022.
- ↑ Dave Kehr (30 мај 1997). „'He's France's Most Unwanted In Moving 'Mondo,' A Lost Gypsy Boy Finds Himself Cast Out'“. Daily News. Архивирано од изворникот на 2012-05-09. Посетено на 3 април 2022.
- ↑ Lanie Goodman (28 јуни 1997). „'A Reluctant Star Is Born in France'“. Los Angeles Times. Посетено на 3 април 2022.
Надворешни врски
уреди- Mondo на Семрежната филмска база на податоци (англиски)