Синти
Синти (исто така Синта или Синте) се ромски народ од Средна Европа .[1] Биле традиционален народ кој често се селел, но денес само мал процент на Синтите живеат на таков начин. Во претходните времиња, тие често живееле во предградието на заедниците. Синтите од Средна Европа се тесно поврзани со групата позната како Мануче во Франција. Тие зборуваат на синтискоромски јазик различен од ромскиот јазик, под влијаније на германскиот јазик.
Име
уредиПотеклото на името Синти е спорно.
Некои, вклучително и многумина Синти, веруваат дека потекнува од Синди, името на народот Синд (регион во Пакистан), засновано врз индикации дека ромските народи потекнувале во индискиот потконтинент.[2] Покрај документираната лингвистичка поврзаност помеѓу ромскиот јазик и санскритскиот, неодамнешната студија на естонски и индиски истражувачи открила генетски сличности меѓу европските Роми и Индијците во нивниот примерок.[3]
Други, вклучително и научникот Јарон Матрас, тврдат дека „Синти“ е подоцнежен термин само во употреба на Синтите од 18 век и веројатно е од европско потекло.[4]
Наводи
уреди- ↑ Martha Verdorfer: Sinti & Roma (германски)
- ↑ Kochanowski, Jan (1968). Lisa Pasternak Slater (translator). „Black Gypsies, White Gypsies: The Gypsies Within the Perspective of Indo-European Migrations“. Diogenes. 16 (63): 27–47. doi:10.1177/039219216801606302.
- ↑ Nelson, Dean (3 December 2012). „European Roma descended from Indian 'untouchables', genetic study shows“. Telegraph.co.uk. Посетено на 15 December 2017.
- ↑ Gypsies in Germany—German Gypsies? Identity and Politics of Sinti and Roma in German (PDF). 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-12-04. Посетено на 2020-04-12.
Библиографија
уредиНадворешни врски
уреди„Синти“ на Ризницата ? |
- Non-Jewish Victims of Persecution in Nazi Germany Архивирано на 23 октомври 2016 г. on the Yad Vashem website
- Wege nach Ravensbrück (Ravensbrück concentration camp: Memories of surviving female Sinti) (германски)
- F. N. Finck, Lehrbuch des Dialekts der deutschen Zigeuner (1903) on Internet Archive {{de