Момче со меч
Момче со меч – слика од францускиот сликар Едуар Мане, насликана во 1861 година, а денес е изложена во музејот Метрополитен во Њујорк. На сликата е прикажано мало момче облечено како паж на Шпанскиот двор во седумнаесеттиот век. Момчето држи меч и појас за мечот. Делото подоцна било репродуцирано како бакропис од дижонскиот сликар и бакрописец Алфонс Легро.[1]
Творец | Едуар Мане |
---|---|
Година | 1861 |
Димензии | 131,1 см × 93,3 см |
Место | Метрополитен, Њујорк |
Според Емил Зола, сликата е типична за влијанието на шпанските сликари [2] и го прикажува силното влијание на Диего Веласкес и Франс Халс врз Мане во тоа време.
Модел на уметникот му бил Леон Леноф, посинок на уметникот по неговиот брак со Сузан во 1862 година.
Наводи
уреди- ↑ „Manet Graveur, Œuvres par ordre chronologique, L'Enfant à l'épée, 1862“. Institut National de l'Histoire de l'Art. Архивирано од изворникот на 13 February 2013. Посетено на 24 March 2010.
- ↑ Émile Zola (1867). Edouard Manet. Étude biographique et critique. Cahiers naturalistes. Архивирано од изворникот на 2019-08-09. Посетено на 24 March 2010.