41°45′17.6″N 22°34′21.67″E / 41.754889° СГШ; 22.5726861° ИГД / 41.754889; 22.5726861

Патоказни табли на самиот Момин Преслап
Поглед кон Момин Преслап (вдлабнатина лево) и врвот Бел Камен (десно) од врвот Чупино на Плачковица

Момин Преслап — месност и превој на источното било на планината Плачковица, кој ги раздвојува Кочанската Котлина на север и Струмичко-радовишката Котлина на југ. Месноста се наоѓа на надморска височина од 1.514 м, во непосредна близина на врвот Бел Камен (1.707 м) од запад, над изворите на реката Блатешница од север и изворите на Смиланска Река од југ. Делот од источното било западно од превојот е повисок и во него се сместени врвовите: Лисец (1.754 м), Чупино (1.725 м) и Бел Камен (1.707 м); додека делот источно од превојот е понизок и во него најистакнат е врвот Кара Тепе (1.625 м).

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди