Модра ветрушка
Модра ветрушка | |
---|---|
Мажјак (десно), женка (лево), младенче (одзади, лево) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни |
Семејство: | Соколи |
Род: | Сокол |
Вид: | Модра ветрушка |
Научен назив | |
Falco vespertinus Linnaeus, 1766 | |
Синоними | |
Falco vespertinus vespertinus Linnaeus, 1766 |
Модра ветрушка (науч. Falco vespertinus) — птица-грабливка. Припаѓа во редот на соколовидните птици од семејството соколи. Оваа птица се сретнува во источна Европа и Азија, но станува сè поретка поради недостаток на живеалишта и ловот. Оваа птица ја има и во Македонија.
Опис
уредиОва е птица со средна големина. Машкото е сивкастосино, освен нозете и делот под опашката кои се црвени. Женката има сив грб и крилја, портокалова глава и стомак, и бело лице со црни ленти кај очите. Младите се кафеави одозгора, а светложолти одоздола со темни ленти, и лице како кај женката. Модрата ветрушка е долга од 28 до 34 см со распон на крилја од 65 до 75 см.
Исхрана и размножување
уредиОваа птица се храни со поголеми инсекти, но исто така и со помали цицачи и птици. Модрата ветрушка се размножува во колонии, и употребува едно гнездо повеќепати. Снесува од 2-4 јајца. Животниот век ѝ е од 13 до 25 години во дивината, и околу 18 во заробеништво.
Наводи
уреди„Модра ветрушка“ на Ризницата ? |
„Falco vespertinus“ на Викивидовите ? |
- ↑ BirdLife International (2012). „Falco vespertinus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
Надворешни врски
уреди- (Western) Red-footed Falcon – Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Oiseaux Photos
- Images at www.naturlichter.com