Модна фотографија
Модна фотографија е тип на фотографија наменет за прикажување на облека и други модни парчиња. Модната фотографија најмногу се употребува во рекламите и модните магазини како што се Вог, Венити Фер или Алур. Со текот на времето, модната фотографија си создаде своја естетика во која облеката и модата се поистакнауваат со употреба на егзотични места или модни додатоци.
Историја
уредиФотографијата беше развиена во 1830-тите, но популарната техника, дагуереотип, не беше соодветна за масовна продукција. Во 1856, Адолф Браун објави книга во која има 288 фотографии од Вирџинија Олдоини, Грофицата Кастиглион , тосканската аристократка во судот на Наполеон III. Фотографиите ја прикажуваат во нејзината официјална судска облека, правејќи ја првиот моден модел. Во првата декада на 20 век, напредокот во нијансираното печатење овозможи модните фотографии да бидат употребени во магазините. Модната фотографија за првпат се појави во француските списанија како сто е La mode pratique. Во 1909, Конде Наст го презема Вог магазинот и исто така придонесе за почетоците на модната фотографија. Во 1911, фотографот Едвард Стејшен беше „предизвикан“ од Луциен Вогел, издавач на Jardin des Modes и La Gazette du Bon Ton, за да ја промовира модата како ликовна уметност со употреба на фотографија. Стејшен потоа направи фотографии од фустани дизајнирани од модниот творец Пол Поарет. Овие фотографии беа објавени во априлското издание од 1911 година на магазинот Art et Décoration. Според Џес Александар, ова се смета за прва модерна модна фотографија. Всушност, фотографирање на фустаните на таков начин што ќе се добие чувство за физичкиот квалитет како и на нивниот формален изглед, наспроти недноставното илустрирање на предметот.
Во ова време, особен нагласок им се придава на режирањето на сликите, процес развиен за првпат од страна на баронот Адолф Де Мајер, кој ги сликал неговите модели во природно опкружување и пози. Вог беше следен од неговиот соперник, Harper's Bazaar, и двете компании беа водачи во полето на модната фотографија во 1920-тите и 1930-тите години. Домашните фотографи како Едвард Стејшен, Џорџ Хојнинген-Хун, Хорст П. Хорст и Сесил Батон го трансформираа стилот во извондредна уметничка форма. Европа, особено Германија, за кратко време стана водач во модната фотографија.
Но денес со промените низ времето секоја земја презема значителни мерки за промовириње во полето на фотографијата. Во средината на 1940-тите со приближувањето на Втората светска војна, вниманието се префрли на САД, каде Вог и Харперс го продолжија нивното старо соперништво. Фотографите како Ирвинг Пен, Мартин Мункаши, Ричард Аведон и Луис Далф-Волф ќе го моделираат изгледот на модната фотографија во наредните неколку декади. Ричард Аведон ќе ја револуционира модната фотографија и редефинира улогата на модниот фотограф во периодот по Втората светска војна со неговите иновативни слики на модерната жена. Денес, неговата работа е изложена во Норто Музејот во Вест Палм Бич, Флорида.Оваа изложба содржи повеќе од 200 дела и ја опфаќа целата кариера на Аведон, вклучувајќи и стари примероци, контакт листи и оригинални изданија од Харперс Базар, Вог и Њу Јоркер. Уметниците ги заменија крутите форми со еден многу послободен стил. Во 1936, Мартин Мункаши ги направи првите фотографии на модели во спортски пози на плажа. Под уметничкото раководство на Алексеј Бродович, Harper's Bazaar многу брзо го претстави овој нов стил во неговиот магазин.
Во поствоениот Лондон, Џон Френч претстави нова форма на модна фотографија прикладна за репродукција во весниците, вклучувајњи каде сто е можно рефлектирана природна светлина и слаб контраст. По смртта на Ричард Аведон, Хелмут Њутон и Херб Ритс, едни од најпознатите модни фотографи денес се Патрик Демаршелиер, Стивен Мејсел, Марио Тестино, Питер Линдберг и Ани Леибович.