Модерато кантабиле (филм)

„Модерато кантабиле“ (италијански: Moderato Cantabile) — филм на режисерот Питер Брук (Peter Brook) од 1960 година. Брук е автор и на сценариото, заедно со Маргарит Дирас (Marguerite Duras) и Жерар Жарло (Gerard Jarlot). Главните улоги ги играат: Жан-Пол Белмондо (Jean-Paul Belmondo), Жана Моро (Jeanne Moreau), Дидие Ходепен (Didier Haudepin), Паскале де Бојсон (Pascale de Boysson), Жан Дешамп (Jean Deschamps) и Валери Добузински (Valéris Dobuzinsky). На Канскиот филмски фестивал, Моро ја освоила наградата за најдобра глумица.[1]

Синопсис

уреди

Ана е сопруга на богат претприемач од Бордо. Таа е длабоко погодена од злосторството кое го гледа во еден кафе-бар. Сопругот ја запоставува, а таа започнува љубовна врска со Шовен, еден од неговите вработени. Ана е подготвена да се одрече од сѐ во името на љубовта...

Наводи

уреди