Моден музеј — вид на музеј којшто содржи значајни збирки на модни додатоци и облека. Модните музеи во одредена мера се поклопуваат со текстилните музеи.

Палатата Галиера во Париз

Познати примери на модни музеи се: Музејот на носијата на Канада во Винипег, Модниот музеј во Бат во Бат и Палатата Галиера во Париз. Национални музеи коишто поседуваат големи модни збирки се Викторија и Алберт во Лондон, како и Метрополитен во Њујорк којшто содржи збирка со над 75.000 носии и додатоци.[1]

Наводи

уреди
  1. Linda Welters; Abby Lillethun (15 March 2011). The Fashion Reader: Second Edition. Berg. стр. 366–. ISBN 978-1-84788-590-6. Посетено на 2 септември 2012.

Надворешни врски

уреди