Моберлинген куп е годишен женски ракометен турнир организиран од Норвешката ракометна федерација. Норвешка плус три поканети државни репрезентации се натпреваруваат за титулата, играјќи секој против секого по еднаш во формат на таканаречен Бергеров систем.

Турнирот обично се одржува во ноември, пред Европското или Светското првенство. Првпат бил организиран во 2001 година, кога Норвешката ракометна федерација постигнала договор со мебелната компанија Моблеринген.[1]

Резултати

уреди
Година Победник Вицешампион Трето Четврто
2001   Русија   Норвешка   Шведска   Југославија
2002   Данска   Норвешка   Франција   Шведска
2003   Норвешка   Унгарија   Данска   Русија
2004   Норвешка   Франција   Русија   Хрватска
2005   Данска   Русија   Норвешка   Кина
2006   Норвешка   Русија   Франција   Германија
2007   Норвешка   Русија   Данска   Ангола
2008   Норвешка   Русија   Данска   Исланд
2009   Норвешка   Русија   Романија   Хрватска
2010   Норвешка   Србија   Данска   Исланд
2011   Норвешка   Германија   Шведска   Шпанија
2012   Франција   Данска   Норвешка   Шведска
2013   Норвешка   Холандија   Јужна Кореја   Русија
2014   Данска   Норвешка   Франција   Србија
2015   Русија   Норвешка   Шведска   Холандија
2016   Норвешка   Данска   Русија   Франција
2017   Норвешка   Русија   Унгарија   Јужна Кореја
2018   Норвешка   Франција   Данска   Унгарија

Наводи

уреди
  1. „Møbelringen Cup 2001“ (норвешки). Norwegian Handball Federation. Посетено на 4 January 2009.