Младиот Тосканини
„Младиот Тосканини“ (италијански: Il giovane Toscanini) — италијанско-француски филм од 1988 година, режиран од Франко Зефирели по сценариото на Вилијам Стедием (William Stadieml). Главните улоги ги играат: Елизабет Тејлор (Elizabeth Taylor), Ц. Томас Хауел (C. Thomas Howell), Софи Ворд (Sophie Ward), Франко Неро (Franco Nero), Филип Ноаре (Philippe Noiret) и Пат Хејвуд (Pat Heywood).[1]
Синопсис
уредиФилмот ја прикажува почетната фаза од кариерата на познатиот диригент Артуро Тосканини и романтичните врски за време на неговиот престој во Рио де Жанеиро во 1886 година.