Младен Спасов Арсов ( 1910 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Основно училиште заврши во родниот град, а потоа станал општ работник. Во периодот на фашистичката окупација на Македонија сесрдно се залагал да и помага на народно-ослободителната борба, работејќи во заднината. Се истакнувал како активен учесник и организатор во собирните акции на материјална помош, како и во префрлањето на собраните материјали до партизанските единици. Непосредно пред ослободувањето на Скопје, станал член на месната стража што ги исполнувала задачите поставувани од новоформираниот народно-ослободителен одбор на Скопје. На 13 ноември 1944 година, кога се воделе борбите за ослободување на Скопје, се наоѓал на својата должност и како курир и извидувач известувал за тоа каде се наоѓаат утврдените Германци и другите непријатели. При вршењето на таа должност паднал покосен од фашистички рафал, бил закопан на градските гробишта во Бутел.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 173. На |first= му недостасува |last= (help)