Ми-2
Ми 2 (НАТО име "Хоплит") е мал, лесно наоружан хеликоптер кој може да се користи и како блиска поддршка на пешадијата. Ми 2 е еден од првите советски хеликоптери кои се произведени во голем број. Првиот прототип на хеликоптерот Ми 2 полета во 1961 година. Благодарение на новите турбини кој ги развил С. П. Изотов, Ми 2 имаше многу подобри одлики од Ми 1. Од 1964 година целокупните производни капацитети се преместени во Полска. Ми 2 е произведен во 24 варијанти. Производството траело до 1981 година со темпо одо околу 300 хеликоптери во година. Вкупно се произведени околу 7,200 примероци.
Во текот на производството Ми 2 доживеал многу модификации. Моделот М 2М имаше широк труп во кој можеше да собере 10 патници, а некои верзии дури биле и наоружани со противоклопни ракети АТ-3 и АТ-5 како и ракети од типот воздух-воздух Стрела 2. Останатите варијанти хеликоптери од овој тип биле наменети за евакуирање на ранети лица, спасување, извидување и геолошки истражувања.
Оперативна употреба
уредиМи 2 во 1965 година е воведен во оперативна употреба во Советското воено воздухопловство. Освен СССР го користеле и земјите потиснички на Варшавскиот договор и други земји како што се Мексико и Мјанмар.
Вооружаните варијанти на овој хеликоптер во главно ги користело Полското воено воздухопловство како и воздухопловството на тогашна Источна Германија.
Литература
уреди- "Military helicopters" - Bill Gunston, Salamander books Ltd., London, 1987. ISBN 0-86191-110-4