Мишко Талески
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Мишко Талески (Скопје, 3 август 1975 ) е истакнат македонски новинар и естраден уметник, кој својата кариера ја започнал во 1997 година.[1]
Животопис
уредиВо 1999 година ги завршува Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје, а за време на студиите работи како уредник на информативната програма на македонски јазик во ТВ Шутел каде се задржува до 2007 година. Во тој период, како автор и новинар има уредувано и реализирано околу 350 политички емисии ( „Двоглед„, „Строго доверливо„ и „Без влакно на јазик„), со интервјуа и дебати, во кои како соговорници се појавуваат најзвучните и највлијателните имиња од македонската политичка сцена (Борис Трајковски, Стојан Андов, Никола Кљусев, Љубчо Георгиевски, Крсте Црвенковски, Васил Тупурковски, Владо Бучковски, Љубомир Фрчкоски, Радмила Шекеринска, Теута Арифи, Тито Петковски, Светомир Шкариќ, Јагнула Куновска, Саво Климовски и многу други).
За време на српско-албанскиот конфликт во 1999 година, континуирано известува од теренот за состојбите на Балканот, а во 2001 година, секојдневно во улога на новинар е во посета на кризните региони за време на конфликтот во Македонија ( липковски регион, тетовско подрачје, Арачиново).
Во својот новинарски опус има подеднаков успех во телевизиското и во печатеното новинарство.
Во 2000 година, Мишко Талески започнува соработка со светскиот политички магазин „Македонско сонце„ каде останува до неговото згаснување во март 2009 година. Во тој период објавува над 600 политички анализи и коментари од македонската, балканската и светската политичка и воена-безбедносна сцена, како и серија написи за историјата на Македонија и на македонскиот народ од антиката до денес.
Од 2000 до 2002 година, Талески работи како наставник по предметите Меѓународни односи и Новинарство во ДСУ „Раде Јовчевски - Корчагин„ во Скопје, во рамките на наставата ПЕКСНАС.
Од март 2008 година, се вработува во Центарот за управување со кризи на Република Македонија и е раководител на Одделението за односи со јавноста и протокол. Во 2009 и 2010 година, ја презема носечката улога во информирањето на јавноста во земјата за елементарните непогоди кои ја зафатија Македонија (пожари, поплави и сл.).
Во периодот јули 2009 -јули 2010 година, Мишко Талески е автор и водител на емисијата за кризен менаџмент АЛО 195, која се емитува на програмата на Македонската телевизија.
Во 2010 година, од печат излегува публикацијата „Национална платформа на Република Македонија за намалување на ризици од несреќи и катастрофи„ каде Талески се појавува како соавтор на изданието, заедно со д-р Панде Лазаревски и Никола Ѓоргон.
Во 2010 година, започнува соработка со порталот „Македонска Нација„ каде како аналитичар и коментатор објавува повеќе текстови и анализи посветени на македонската кауза.
Од 2010 година, Мишко Талески е аналитичар на SETimes - The news and views of Southeast Europe од САД, каде ги покрива настаните во Република Македонија.
Во октомври 2011 година, започнува соработка со радио РОСА каде се јавува како уредник и водител на емисијата „МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ„ посветена на личности кои оставиле белег за Македонија во областа на историјата, идентитетот, културата, традицијата и уметноста. Како гости во емисијата учествуваат Блаже Ристовски, Илија Андонов Ченто, Стојан Андов, Тодор Петров, Шенка Колозова, Есма Реџепова Теодосиевска, Драган Даутовски, Петар Поповски, Виолета Ачкоска, Ангелина Маркус и др.
Од јуни 2012 година, Мишко Талески станува раководител на односи со јавноста / портпарол на Министерството за информатичко општество и администрација.
Музички активности
уредиМишко Талески е автор на музика и текстови на новосоздадени македонски песни и изведувач на истите. Во периодот од 1994 до 1999 година, има снимено околу 40 традиционални изворни македонски песни со Оркестарот на народни инструменти и Чалгиите при Македонската радио-телевизија.
Во 2003 година, го издава првиот соло албум со новосоздадени песни од кои се издвојуваат – Ако ме оставиш, Немој да ме лажеш, Кај сте сега Македонци, Збогум мајко и др. ;
Во 2007 година, издаден е вториот соло албум за музичката продукција Мистер компани насловен „Дрво рисјанско„ кој содржи 14 новосоздадени родољубиви и лирски македонски песни.
Во 2010 година, Мишко Талески е сценарист и водител на музичката емисија „Здравоживо домаќини„ во продукција на С Национале, која се емитува на повеќе локални телевизиски станици во Македонија.
Во рамките на продукцијата „С НАЦИОНАЛЕ„ Мишко Талески е дел од организацијата на Концертот во чест на Васка Илиева, кој по повод 10 годишнината од нејзината смрт се одржа на 20 април 2011 година, во Македонската опера и балет. На истиот учествува и како изведувач со песната „Кога падна на Пирина„.
На 5 декември 2011 година, во рамките на продукцијата „С Национале„ и во соработка со КУД Гоце Делчев, во Домот на АРМ во Скопје Талески е дел од организацијата на концертот „Македонско име нема да загине„ како дел од иницијативата на бројни здруженија и организации во Македонија за зачувување на македонското име, јазик и идентитет. Како сценарист и водител на музичкиот настан Талески толкува извадоци од делата на Мисирков, Петре М: Андреевски и Гане Тодоровски. На концертот со родољубиви песни учествуваат Сузана Спасовска, Виолета Томовска, Блага Петреска, Наум Петрески, Атина Апостолова, Ванчо Тарабунов, Мишко Талески, Војо Стојановски, групите Академци и Сирма, Јанко и Жаклина, како и глумецот Петре Темелковски и академик Блаже Ристовски.
Во декември 2014 година, Мишко Талески го издава третиот по ред музички албум насловен „Пеам за хероите„ во издание на музичката продукција Mister Company. Албумот содржи 13 музички композиции со родољубива содржина, авторско дело на Талески, додека под сите аранжмани се потпишува Сашо Ливрински. Албумот ги содржи композициите : Македонија на Македонците, Пеам за хероите, Низ вени тече крв илинденска, Загрме од планините, Македонска ера, Егејска сага, Срце Александрово, Македонско распетие, Од искона таква си била, Народе македонски, Последниот гемиџија, Царот Јустинијан. Гостин на албумот е Сузана Спасовска со дуетската песна „Вечнаја памјат, владико Кирил„ изведена на Лешочкиот Фолк Фест 2013 година.
Фестивалски награди
уреди- На Илинден се заколнав (Гоце фест 2004 – втора награда од публиката, трета награда од стручното жири, награда за аранжман и награда за дебитант);
- Непобедена (Гоце фест 2005 – прва награда од публиката, втора награда од стручното жири, награда за аранжман, награда за сценски настап);
- Прочка (Охридски трубадури 2005 – втора награда од публиката);
- Македонија те вика (Гоце фест 2006 – втора награда од стручното жири, награда за интерпретација, награда за најдобар текст);
- Црно семе (Охридски трубадури 2006 – награда Долни Сарај);
- Ченто трибун македонски (Гоце фест 2007 – прва награда од публиката, награда за аранжман);
- Македонија на Македонците (Гоце фест 2008 - прва награда од публиката и награда за најдобар текст);
- Егејска сага (Гоце фест 2009 - награда на Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија);
- Срце Александрово (Гоце фест 2010 - награда на организацијата Обединети Македонци од Канада);
- Македонско распетие (Гоце фест 2013 - прва награда од публиката, специјална награда по повод 100 години од поделбата на Македонија и награда за аранжман);
- Колку сме, толку сме, токму сме (Гоце фест 2015 - втора награда од стручното жири).
Наводи
уреди- ↑ „Триумф на Мишко Талески и Сузана Спасовска“. Вечер. 18 февруари 2008. Посетено на 2011-07-27.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- „Дрво рисјанско“
- „Македонија на Македонците“
- „Македонска ера“
- „Македонија те вика“
- „Ченто трибун македонски“
- „Егејска сага“
- „Пејам за хероите“
- „Последниот гемиџија“
- „Црно семе“
- „Срце Александрово“
- „Ангели те опејуваат“
- „Македонско распетие“
- „Низ вени тече крв илинденска“
- „Народе македонски“
- „Загрме од планините“
- „Колку сме, толку сме, токму сме“