Михајло I
Михајло I (1050–п. 1081) бил средновековен српски крал и владетел на Дукља од 1050 до 1081. Тој првично бил византиски вазал држејќи ја титулата протоспатар. Папата Григориј VII му се обрќал со „Крал на Словените“. Тој го поддржал востанието на Ѓорѓи Војтех во Македонија и го испратил синот Бодин да им помогне на востаниците.
Михајло I | |
---|---|
Михајло I на фреска во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Стон. | |
Крал на Дукља | |
На престол | 1050–1081 |
Претходник | Стефан Воислав |
Наследник | Константин Бодин |
Починал(а) | 1081 |
Сопружник | Мономахина |
Деца | Владимир Константин Бодин Доброслав II Петрислав |
Татко | Воислав |