Михаил Шишман
Михаил Асен III (бугарски: Михаил Асен III), најчесто нарекуван Михаил Шишман,a[›] владеел како цар на Бугарија од 1323 до 1330. Точната година на неговото раѓање не е позната, но се смета дека е помеѓу 1280 и 1292. Тој бил основач на последната вледеачка династија во Второто бугарско царство, династијата Шишман. Откако бил крунисан, Михаил го користел името Асен за да ја нагласи својата поврзаност со династијата Асен, првата која владеела со Царството.
Михаил Асен III, "Михаил Шишман" | |
---|---|
Монета на Михаил Шишман | |
Цар на Бугарија | |
На престол | 1323–1330 |
Претходник | Георги II |
Наследник | Иван Стефан |
Роден(а) | по 1280 |
Починал(а) | 31 јули 1330 Велбужд |
Почивалиште | |
Сопружник | Ана Неда Теодора Палеологина |
Деца | Иван Стефан Михаил Шишман |
Династија | Шишман |
Татко | Шишман |
Вероисповед | Православие |
Како енергичен и амбициозен владетел, Михаил Шишман водел агресивна, но опортунистичка и неконзистентна политика против Византија и Кралството Србија, која завршила со катастрофалната битка кај Велбужд во која и самиот го загубил животот. Тој бил последниот бугарски владетел кој имал за цел воена и политичка хегемонија на Бугарското царство над Балканот и последен кој се обидел да го заземе Константинопол. Бил наследен од неговиот син Иван Стефан, а подоцна од неговиот внук Јован Александар, кој ја променил политиката преку формирање сојуз со Србија.[1]
Наводи
уреди- ↑ Kazhdan, "Michael III Šišman", p. 1365