Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Михаел Гвисдек (роден на 14 јануари 1942 година) е германски глумец и филмски режисер. Тој ја започнал неговата глумечка кариера во Источна Германија и од 1968-ма година наваму, има играно во повеќе од 130 филмови и телевизиски емисии. Неговото режисерско деби, филмот, Treffen in Travers, бил прикажан во делот „Un Certain Regard“ на Канскиот филмски фестивал во 1989 година.[1] Неговиот филм од 1998-ма година: „Големиот мамбо“ бил примен на 48-тиот Меѓународен филмски фестивал во Берлин.[2] Следната година, тој ја освоил Сребрената мечка за најдобар глумец на 49-тиот Меѓународен филмски фестивал во Берлин, за неговата улога во филмот Nightshapes.[3]

Михаел Гвиздек
Роден(а)14 јануари 1942(1942-01-14)(82 г.)
Берлин-Вајсензее, Германија
ЗанимањеГлумец, филмски режисер
Активен1968–сега

Тој се оженил за глумицата Корина Харфух во 1985 година и се развеле во 1997 година. Тие имале два сина заедно пред да стапат во брак; музичарот Јоханес Гвисдек (роден 1980) и глумецот Роберт Гвисдек (роден 1984). Тој се оженил со неговата втора сопруга, Габриела, кусо по разводот со Харфух.[4]

Избрана филмографија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Festival de Cannes: Treffen in Travers“. festival-cannes.com. Посетено на 2 August 2009.
  2. „Berlinale: 1998 Programme“. berlinale.de. Архивирано од изворникот на 2012-10-17. Посетено на 21 January 2012.
  3. „Berlinale: 1999 Prize Winners“. berlinale.de. Архивирано од изворникот на 2017-08-08. Посетено на 2 February 2012.
  4. B.Z. - Hausbesuch bei den Gwisdeks in B.Z., 12 September 2010. Retrieved 22 December 2018

Надворешни врски

уреди