Мистер Бин (англиски: Mr. Bean), улога на Роуан Аткинсон — еден од најпознатите ликови во светската комедија.[1] Тој е себичен, анархист, малоумен, кој секојдневните работи ги извршува на необичен и смешен начин. Живее во мала куќа во Хајбури, Лондон и секогаш е облечен исто (со црвена граватa и твид џакето), има тенок глас и според филмот од 1997 „Бин“, тој е чувар во галерија за уметност.[2] Никогаш не може сериозно да сфати некоја работа и не ги познава гледиштата на животот. На почетокот на секоја епизода од истоимената серија филмови во шпицата е пуштена музиката „Ecce homo qui est faba“ (Човекот што е грав) и тогаш Мистер Бин паѓа од небото што претполага дека тој е вонземјанин. Со него се снимени два долгометражни филма: „Бин“ и „Одморот на Мистер Бин“, една телевизиска серија (14 епизоди) и една анимирана телевизиска серија.

Мистер Бин

НаводиУреди