Мирих

река во Населичко, Егејска Македонија

Мирих (грчки: Μύριχος, Мирихос) — река во Населичко, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.[1][2]

Мирих
Μύριχος
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајНаселичко, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоСињак
 • координати40°24′31″N 21°33′42″E / 40.4087° СГШ; 21.5617° ИГД / 40.4087; 21.5617
Устие 
 • место
Бистрица
 • координати
40°16′43″N 21°27′48″E / 40.2787° СГШ; 21.4633° ИГД / 40.2787; 21.4633
Особености на сливот
Мирих во рамките на Горуша (општина)
извор
утока

Реката извира од планината Сињак североисточно под истоимениот врв Сињак (2.110 м) и тече на север. По месноста Керамида свртува на североисток, а потоа ја прима десната притока Блацка Река, па свртува на запад. Ја прима левата притока Намата и излегува во Шишанската Котлина. Минува веднаш северно од Шишани, по што веднаш свртува на југ и до крајот тече во таа насока. Се влева во Бистрица во месноста Драхес, југозападно од Враништа и спроти Кинам.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. Grevená GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)