Мирисот на полското цвеќе (филм)

„Мирисот на полското цвеќе“ (српски: Мирис пољског цвећа) — југословенски филм од 1977 година, во режија на Срѓан Карановиќ. Главните улоги ги толкуваат: Љуба Тадиќ, Александар Берчек, Олга Спиридоновиќ и Богдан Диклиќ.[1]

Содржина

уреди

Познатиот глумец Иван Василевиќ е уморен од секојдневието и одлучува да започне нов живот. Поради тоа, тој го напушта театарот и оди да живее на реморкерот на својот пријател. Со својата постапка, уметникот наведува многумина да дојдат на брегот на реката за да живеат слободен живот.[2] [3]

Наводи

уреди
  1. Антена, бр. 821, 21 март 2014, стр. 18.
  2. Антена, бр. 821, 21 март 2014, стр. 18.
  3. РТС (пристапено на 9.1.2019)