Министерство за земјоделство и шумарство (Нов Зеланд)
Министерството за земјоделство и шумарство (англ. Ministry of Agriculture and Forestry (MAF), маор. Te Manatu Ahuwhenua, Ngāherehere) е државна установа во Нов Зеланд која се занимава со сите работи поврзани со земјоделството, шумарството и биосигурноста.
Министерство за земјоделство и шумарство | |
---|---|
Ministry of Agriculture and Forestry Te Manatu Ahuwhenua, Ngāherehere | |
Податотека:MAF logo.png | |
Логотипот на Министерството за земјоделство и шумарство на Нов Зеланд | |
Податоци за органот | |
Надлежност | Нов Зеланд |
Седиште | Pastoral House, 25 The Terrace, Wellington |
Надлежен министер | Дејвид Картер, Министер за земјоделство и Министер за шумарство |
Раководител | Мари Шервин (Генерален директор) |
Мрежно место | |
http://www.maf.govt.nz/ |
На чело на установата стои Министерот за земјоделство, Дејвид Картер (2009 г.)
Историја
уредиМинистерството за земјоделство и шумарство во минатото го носело името „Министерство за земјоделство и рибарство“, но во 1995 г. надлежноста врз сите рибарски работи му припаднала на новоформираното Министерство за рибарство. Но и покрај неморскиот карактер на новото „Министерство за земјоделство“, владата решила министерството и понатаму да го користи постоечкиот логотип и кратенката „MAF“, поради фактот што тие веќе прераснале во мошне препознатливи обележја на една високовреднувана институција меѓу нејзините трговски партнери во странство. Во 1998 г. владата ги споила Министерството за земјоделство и Министерството за шумарство, и така настанало денешното Министерство за земјоделство и шумарство .
Надлежности
уредиМинистерството е одговорно за биосигурност, управување со државните шуми, пружање поддршка на земјоделците, обезбедување на хумано и одговорно постапување со животните, како и освојување на странски пазари за новозеландските производи. Организацијата работи и на унапредување на одржливоста во земјоделско-сточарскиот сектор, раководство со земјишта, водоснабдување и наводнување во руралните предели на Нов Зеланд.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Министерство за земјоделство и шумарство (англиски)