Министерство за дигитална трансформација на Македонија


Министерството за дигитална трансформација или скратено МДТ — министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за дигитална трансформација е Стефан Андоновски.

Министерството за дигитална трансформација
Податоци за органот
Основан 2024
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 72[1] (2024)
Годишен буџет 84.554 милиони MKD[2] (2024)
Надлежен министер Стефан Андоновски

Надлежности

уреди
Надлежностите на министерството се[3]:
  • развојот и промоцијата на информатичкото општество;
  • технолошкиот развој и технолошката култура;
  • подготвување на стратешки документи од областа на дигитализацијата;
  • организирање и спроведување на обуки за дигитални вештини;•    безбедност на мрежи и информациски системи;
  •  дигитализација на јавните услуги;
  • администрирање со интегрирана база на лични податоци на населението на Републиката и соодветните книги за евиденција;
  • креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
  • интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информации, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
  • следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународнистандарди;
  • телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
  •  радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
  •  остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност;
  • надзор од негова надлежност
  • врши и други работи утврдени со закон.

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2024 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2024. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-04-18. Посетено на 2024-06-09.
  2. „Буџет на Република Македонија за 2024 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2024-06-19. Посетено на 2024-06-19.
  3. „Општи информации за министерството“. Архивирано од изворникот на 2018-05-02. Посетено на 2021-08-13.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди