Министерство за внатрешни работи (Отоманско Царство)
Министерство за внатрешни работи (османски турски: داخلیه نظارتی; турски: Dâhiliye nezareti; француски: Ministère de l'Intérieur[1]) — министерство за внатрешни работи на Отоманското Царство, од 1860 година со седиште во Константинопол (сега Истанбул).
Министерство за внатрешни работи | |
---|---|
османски турски: امورِ داخلیه نظارتی Umur-ı Dâhiliye Nezâreti | |
Лого на Министерството за внатрешни работи | |
Податоци за органот | |
Основан | 1860 |
Претходник | Кетуда |
Укинат | 4 ноември 1922 |
Наследник | Министерство за внатрешни работи на Република Турција (2 мај 1920) |
Надлежност | Отоманско Царство |
Седиште | Константинопол |
Организација
уредиМинистерството ги вклучувало следниве организациски единици:[1]
- Биро за попис (Sidjili-Noufouz-Idaressi, Bureau de recensement)
- Биро за емигранти (Mouhadjir Idaressi, Bureau des émigrés)
- Биро за пасоши (Bureau des Passeports)
- Управа за пензиски фонд (Takaud sandighi Nazareti, Direction de la caisse de retraites)
- Дирекција за внатрешен печат (Matbouat Midiréti, Direction de la Presse Intérieure)
- Комисија за избор на вработени (Intihab méémorin Commissionou, Commission pour le choix de employés)
- Оддел за услужен персонал (Sidjili-ahwal-Idaressi, Direction des états de service des fonctionnaires)
Околу 1905 година буџетот на министерството изнесувал 495.300 отомански лири од вкупниот буџет од 954.364 на владата.[1]
Во 1913 година била основана Канцеларијата за населување на племиња и доселеници за справување со бегалската криза по Балканските војни. Канцеларијата одиграла важна улога за време на ерменскиот геноцид.
Претходник
уредиПретходно, Големиот везир, по совет на неговиот советник, раководел со внатрешните работи на државата, но во 1860 година било основано министерство за внатрешни работи во западен стил како дел од реформата на администрацијата на царството.[1]
Наследник
уредиМинистерството за внатрешни работи (Турција) во моментов управува со внатрешните работи во Турција.
Список на министри за внатрешни работи
уреди- Пертев-паша (1835-1837)
- Акиф-паша (1837-1838)
- Мехме Емин Рауф-паша (1838-1839)
- Ширванизаде Мехмед Рушди-паша (1869-1871)
- Кабзималзаде Мехмед Саид-ефенди (1871-1877)
- Ахмед Џевдет-паша (5 февруари 1877)
- Ахмед Хамди-паша (ноември 1877-јануари 1878)
- Кабзималзаде Мехмед Саид-ефенди (1878)
- Ахмед Вефик-паша (1878)
- Мехмед Садик-паша (1878)
- Мехмед Саид-паша (9 јуни 1878 - 23 ноември 1878)
- Махмуд Сервер-паша (23 ноември 1878-1879)
- Кадри-паша (1879)
- Махмуд Недим-паша (1879-1882)
- Ибрахим Едхем-паша (1882-1885)
- Ахмед Мунир-паша (1885-1891)
- Халил Рифат-паша (1891-1896)
- Мехмед Мемдух-паша (1896-1907)
- Акиф Халил-паша (1908)
- Решид Акиф-паша (1908)
- Ибрахим Хаки-паша (1908)
- Хусеин Хилми-паша (1908-1909)
- Мехмед Ферид-паша (1909)
- Адил-бег (1909)
- Мехмед Талат-паша (1909-1911)
- Халил-бег (1911)
- Мехмед Џелал-бег (1911-1912)
- Хаџи Мехмед Адил-бег (Арда) (1912)
- Мехмед Зија-паша (1912)
- Али Даниш-бег (1912)
- Мехмед Ферид-паша (1912)
- Ахмет Решит-бег (1912-1913)
- Хаџи Адил-бег (Арда) (1913)
- Мехмед Талат-паша (1913-1918)
- Мустафа Ариф-бег (1918)
- Али Фетхи Окјар (1918)
- Исмаил Хаки Џанбулат-бег (1918)
- Мустафа Ариф-бег (1918-1919)
- Курд Ахмед Изет-паша (1919)
- Артин Џемал-бег (Кешмир) (1919)
- Ахмет Решит-бег (1919)
- Мехмед Али-бег (Гереде) (1919)
- Алик Кемал-бег (1919)
- Адил-бег (1919)
- Мехмед Шериф-паша Чавдароглу (1919-1920)
- Ебубекир Хазим-бег (1920)
- Решид Мумтаз-паша (1920)
- Курд Ахмед Изет-паша (1920-1921)
- Мустафа Ариф-бег (1921)
- Шериф Мехмед Рауф-паша (1921)
- Али Риза-паша (1921-1922)
- Салих Хулуси-паша (1922)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Young, George (1905). Corps de droit ottoman; recueil des codes, lois, règlements, ordonnances et actes les plus importants du droit intérieur, et d'études sur le droit coutumier de l'Empire ottoman (француски). 1. Clarendon Press. стр. 27.
- ↑ Sicil-i Osmani, Mehmet Süreyya Bey
- ↑ Son Dönem Osmanlı Erkan ve Ricali (1839 - 1922) Prosopografik Rehber, Sinan Kuneralp, ISIS Press, İstanbul, ISBN 9784281181, 1999