Миле Зечевиќ
политичар
Миле Зечевиќ е поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.
Миле Зечевиќ | |
---|---|
Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање | |
На должноста 2006 – 2006 | |
Претседател | Владо Бучковски |
Претходник | Силјан Аврамовски |
Наследник | Сашо Мијалков |
Лични податоци | |
Националност | Србин |
Партија | СДСМ (поранешен член) |
Вероисповед | Православен христијанин |
Зечевиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1996 година и е магистрант по казнено право со положен правосуден испит.
Како член на СДСМ, Зечевиќ својата политичка кариера ја започнал во 2001 година кога во широката коалиција неколку месеци бил шеф на кабинет на министерот за одбрана Владо Бучковски. По промената на власта во 2002 година, Зечевиќ неколку месеци бил заменик-генерален директор на ЈПАУ “Македонија". При првата реконструкција на Владата на Црвенковски во 2003 година, Зечевиќ бил именуван за генерален секретар на Владата[1].
Во 2006 година бил именуван за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.
Наводи
уреди- ↑ „Миле Зечевиќ е нов директор на УБК“. Архивирано од изворникот на 2013-11-01. Посетено на 2012-11-05.