Microsoft Word е програмa за уредување на текст и е дел од Microsoft Office пакетот.

Microsoft Word
ПрограмериMicrosoft
Опер. системMicrosoft Windows
ВидWord processor
ЛиценцаEULA
Мреж. местоMicrosoft Word
Microsoft Word for Mac
ПрограмериMicrosoft
Опер. системMac OS X
ВидWord processor
ЛиценцаEULA
Мреж. местоMicrosoft Word for Mac

Програмата Word е од типот визивинг (англиски : wysiwyg - What You See Is What You Get - „Што видиш, тоа и добиеш“), што значо дека програмата во текто на самата обработка прикажува како ќе изгледа текстот кога ќе се отштампа.

Историја уреди

Првото издание на овој програм било на 2 мај 1983 година, за оперативниот систем MC DOS. Ова издание не било добро прифатено од корисниците, туку се користени програми како Ворд Перфект. Со успешната маркетиншка кампања, како и континуираниот развој, Мајкрософт Ворд подоцна успеја да ја потисне конкуренцијата и денес да претставува универзален текст-процесор присутен на скоро секој компјутер со оперативниот систем Виндоус.

Пренос уреди

Луѓето кој не го користат Мајкрософт Офис имаат проблеми со Вордовите документи, бидејќи тие се широко распространети. Многу програми како Абиворд, Опен Офис и друг имаат посебни можности за увезување и извезување на документите на Ворд преку посебни филтри, за да нивните корисници можат попрегледано да ги користат овие документи. Олеснителна околност е што има направено посебна библиотека во јава, која овозможува читање на бинарните документи на Ворд. Во последните 10 години, Мајкрософт обезбеди и бесплатен софтвер за прегледување на Ворд документи.

Прилагодување уреди

Како и другите програм од Мајкрософт Офис, Ворд може да биде обликуван да одговара на конкретни кориснички потреби. Исто така, можно е додавање на нови можности, користејќи го макро јазикот, кој првобитно се викал Вордбејсик (на англиски : WordBasic), но потоа се преименувал во „Вижуал бејсик за апликации“ (на англиски : Visual Basic for applications). Меѓутоа, ова претставува и лесен начин за добивање на вируси во документи.

Формати на Ворд документите уреди

Форматите на различните верзии на Ворд се разликуваат неприметно. Доколку го зачувате документот во нова верзија на Ворд, тоа не мора да значи дека истиот ќе можете да го прегледате во постарата верзија, поради некоја нова особина која постарата верзија не ја поддржува. Форматот на документите во Ворд 97 се отворени за широката народна маса, додека неговите следбеници се чуваат во тајна и се достапни само за партнерите на Мајкрософт, владите на некои држави и други определени институции.