Микроблогирање
Микроблогирање (од англ. microblogging) — медиум за објавување на информации во облик на блог. Разликата помеѓу микроблогот и блогот се состои во тоа што содржините кај микроблогирањето се значајно пократки. Со него корисниците „разменуваат мали парчиња содржини како кратки реченици, поединечни слики, или видеоврски“.[1]
Како и кај блогирањето, микроблогерите објавуваат свои искази на најразлични теми, кои можат да бидат мошне прости (на пр. што прави корисникот во моментот) или пак да покриваат некаква тематика (на пр. спортски автомобили). Постојат и комерцијални микроблогови кои се наменети да рекламираат или промовираат мрежни места, услуги и/или производи, или пак се предвидени да ја унапредат соработката во рамките на една организација.
Некои служби за микроблогирање нудат можности како нагодување на приватноста, со што корисниците можат да одредат кој може да ги чита нивните микроблогови, или други начини на објавување на исказите покрај обичниот кориснички посредник на семрежјето. Тука спаѓаат, СМС-пораки, непосредни пораки, е-пошта или аудиоснимки.
Служби
уредиМеѓу најраспространетите служби за микроблогирање се вбројуваат Twitter, Tumblr, whatyadoin.com, Plurk, Emote.in, PingGadget, Beeing, Jaiku и identi.ca.
Во поново време разни служби и програмска опрема нудат можност за микроблогирање. Службата Plurk дава хронолошки преглед, со вградено споделување на видеоснимки и слики. Flipter користи микроблог како подлога за објавување на теми и прибирање на јавното мислење. Emote.in е служи за споделување на чувства, исто така на основа на микроблог со хронологија. PingGadget е служба за микрлбогирање кој поаѓа од местоположбата на корисникот. Pownce (дело на Кевин Роуз, основачот на Digg) нуди споделување на податотеки во облик на микроблог, вклучувајќи покани за настани. во 2008 г. Pownce е припоен кон SixApart.[2]
Другите водечки места за друштвено вмрежување како Facebook, MySpace, LinkedIn, JudgIt, Yahoo Pulse, Google Buzz и XING, исто така имаат функции за микроблогирање, наречени „поднова на статус“ (status update).
Со развојот на микроблогирањето, многу корисници сакаат да бидат присутни на повеќе друшвени мрежи истовремено. Службите како Lifestream и Profilactic работат како насобирачи (агрегатори) на микроблогови од разни мрежи кои потоа ги составуваат во еден список, а пак други служби, како Ping.fm испраќаат микроблогови на разни мрежи.
Македонски служби
уредиНајзначајна служба за микроблогирање на македонски јазик е Микроблогер, која се заснова на Twitter, но има и дополнителни можности[3].
Употреба
уредиTwitter, Facebook и другите служби за микроблогирање во последно време служат и за деловно работење, поточно за маркетинг и односи со јавноста,[4]. Од тие причини се забележува голем пораст на бројот на комерцијалисти во друштвените медиуми. Според испитувањето на организацијата Sysomos, оние што рекламираат на Twitter се неспоредливо поактивни од обичните корисници - 15% од нив следат над 2.000 лица. За разлика од ова, само 0,29% од вкупниот број на корисници на Twitter следат над 2.000 луѓе[5].
Службите за микроблогирање денес претставуваат и важен извор на вести во живо, и имаат одиграно улога во кризни ситуации како терористичките напади во Мумбај (2008) и изборните протести во Иран (2009).[6][7] Бидејќи , reaching its audience in seconds.
Микроблогирање во организации
уредиМикроблогирањето почнува да наоѓа примена и во организациите како нов медиум на неформално општење, особено погоден за проток на информации од службен карактер и соработка на работни задачи и проекти. Споделувајќи информации, вработените можат подобро да ја искористат стручноста на колегите и да воспостават меѓусебни врски како на деловен, така и на личен план.
Организациите можат да воспостават свои сопствени служби за микроблогирање, и тоа со слободни програми како StatusNet[8] или вдомени подлоги кои се посебно предвидени за деловна и организациска намена.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Kaplan Andreas M., Haenlein Michael (2011) The early bird catches the news: Nine things you should know about micro-blogging, Business Horizons, 54(2).
- ↑ Мрежно место на Pownce Архивирано на 8 јануари 2013 г. (англиски)
- ↑ Шумадиева, Ирина (16 јануари 2010). „Македонски сервис за микроблогирање“. Сајт на денот. Посетено на 22 април 2011. (македонски)
- ↑ Jin, Liyun (21 јуни 2009). „Businesses using Twitter, Facebook to market goods“. Pittsburgh Post-Gazette. Посетено на 23 јуни 2009.
- ↑ „Inside Twitter: An In-depth Look Inside the Twitter World“. Sysomos. 10 јуни 2009. Посетено на 23 јуни 2009.
- ↑ „First Hand Accounts Of Terrorist Attacks In India On Twitter, Flickr“. TechCrunch. 29 ноември 2008. Посетено на 23 јуни 2009.
- ↑ „Twitter on Iran: A Go-to Source or Almost Useless?“. 22 јуни 2009. Архивирано од изворникот на 2011-04-03. Посетено на 23 јуни 2009.
- ↑ „[[StatusNet]] - Служба за микроблогирање со отворен код“. Посетено на 1 мај 2010. URL–wikilink conflict (help)
Надворешни врски
уреди- Микроблогер Архивирано на 1 февруари 2011 г. — македонска служба за микроблогирање (македонски)