Identi.ca
Identi.ca е сервис за друштвено вмрежување и микроблогирање со отворен код. Работи на основа на пакетот за микроблогирање StatusNet и им овозможува на корисниците да испраќаат (објавуваат) текстуални пораки (наречени „забелешки“) со должина до 140 знаци. Иако има доста сличности со Twitter во замислата и во работата, Identi.ca има голем број можности што моментално ги нема Twitter, како на пример XMPP поддршка, геолоцирање, лични облаци од ознаки и групи. Покрај ова, Identi.ca дозволува слободен извоз и размена на лични податоци и податоци за пријатели врз основа на FOAF стандардот. Со ова забелешките можат каналски да се објавуваат во сметка на Twitter или дсруг сервис, а можат и да се пренесуваат во приватен систем сличен на Yammer[1].
Вид место | Микроблогирање |
---|---|
Достапно на | бугарски, каталонски, чешки, германски, грчки, англиски (САД), англиски (британски), англиски, шпански, француски, хебрејски, италијански, јапонски, македонски, норвешки (букмол), холандски, полски, португалски (бразилски), руски, шведски, телугу, турски, украински, виетнамски, кинески (упростено), кинески (тајвански) |
Сопственик | StatusNet Inc |
Создавач | StatusNet Inc |
Адреса | identi.ca |
Комерцијално | Да |
Зачленување | Задолжителна |
Сервисот добил над 8.000 регистрации и 19.000 објави во првите 24 часа од неговото пуштање[2], а достигнал 1.000,000 забелешки на 4 ноември 2008[3]. Во јануари 2009 инвеститорска група од Монтреал дала финансиски влог во identi.ca[1]. Како резултат на тоа, на 23 јануари 2009 е пуштена усовршена верзија и предизајнирана страница.
На 30 март 2009 Control Yourself (оттогаш преименуван во StatusNet Inc) најавиле дека Identi.ca ќе стане дел од сервис за вдомување на микроблогирање наречен status.net, кој ќе биде пуштен во мај 2009. Status.net нуди поединечни микроблогови во поддомен по избор на корисникот. Identi.ca и понатаму останува бесплатен. Сите забелешки се објавуваат под лиценцата Creative Commons Наведи извор 3.0 по основно, но клиентите кои плаќаат ќе имаат право да изберат поинаква лиценца[4].
Интерфејсот и функционалноста на Identi.ca се наполно прилагодени на македонски јазик.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 Croll, Alastair (14 јануари 2009). „Identi.ca доби финансиски средства за изработка на варијанта на Twitter со отворен код“. Gigaom. Архивирано од изворникот на 2019-02-25. Посетено на 19 јануари 2009.
- ↑ „identi.ca“. Архивирано од изворникот на 2012-07-04. Посетено на 3 јули 2008.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-11-06. Посетено на 2010-02-09.
- ↑ Control Yourself, Наскоро status.net Архивирано на 1 април 2009 г., 30 март 2009.
Наводи
уреди- Rosenberg, Dave (3 јули 2008). „Identi.ca--open-source Twitter?“. CNET новости. Архивирано од изворникот на 2013-09-14. Посетено на 3 јули 2008.
- Hopkins, Mark (2 јули 2008). „identi.ca: The Force is Strong with This One (But is no Jedi, Yet)“. Mashable. Посетено на 3 јули 2008.
- Terdiman, Daniel (6 октомври 2008). „Taking on Twitter with open-source software“. CNET новости. Архивирано од изворникот на 2012-08-26. Посетено на 6 октомври 2008.
Надворешни врски
уреди- OpenMicroBlogging стандард
- status.net
- Identiquette Архивирано на 12 август 2010 г.: Напатствија за лично поведение на identi.ca