Микица Трујкановиќ

Мирослава Микица Трујкановиќ (родена во 1975 година, Бор, Србија) - македонски ликовен уметник.

Микица Трујкановиќ
Роден 1975
Бор
Националност Македонка
Занимање ликовен уметник

Животопис уреди

Родена во Бор, Србија во 1975. Дипломира во 1999 г. каде што во 2005 г. и магистрира, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Член на ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) од 1999 г. Самостојни изложби има одржано во Скопје, Виена, Истанбул, Прилеп, Охрид, Кавадарци, Неготино и повеќе од сто групни излагања во земјата и надвор од неа, САД, Австрија, Франција, Италија, Велс, Тунис, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Кипар, Бугарија, Египет, Полска, Обединети Арапски Емирати, Јордан. Студиски патувања во Нирнберг, Виена, Париз и учествувано на повеќе од 35 Интернационални ликовни колонии и симпозиуми. Добитник на неколку награди.

Живее во Скопје.

Од 2009 г. работи како професор во Државното средно училиште за применета уметност и дизајн ’’Лазар Личеноски’’.[1]

Награди и признанија уреди

  • 1999, „Никола Мартиновски“;, Награда на 25-тата јубилејна изложба на ДЛУМ – Цртеж, НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје
  • 2000, Прва награда на изложбата „Жена, симбол, инспирација“;, Галерија „KO-РA“, Скопје
  • 2000, Втора награда на СИАБ – Студентско Интернационално Арт Биенале, Mузеј на Град Скопје
  • 2000, „Петар Мазев“; Награда за сликарство на 47-та ревијална изложба на ДЛУМ, Музеј на Град Скопје
  • 2004, „Димитар Кондовски“, Награда за сликарство на 51-вата ревијална изложба на ДЛУМ, Музеј на Град Скопје
  • 2006, Награда за сликарство на „Меѓународниот сликарски ех-темпоре“, Местна галерија Пиран, Словенија
  • 2008, „Гран-при“ на XII Зимски салон на ДЛУМ, Национална галерија на Македонија, Мултимедијален центар, „Maла станица“
  • 2008, Награда за најдобро дело од Национална галерија на Македонија на XII Зимски салон, Мултимедијален центар, „Maла станица“
  • 2014, „Никола Иванов Балтон“ , Награда за сликарство на јубилејната 60-та Ревијална изложба на ДЛУМ, Културно информативен центар
  • 2015, „Лазар Личеноски“, Награда за сликарство на 62 -рата Ревијална изложба на ДЛУМ, Национална галерија на Македонија, Мултимедијален центар, „Maла станица“.

Наводи уреди