Меѓународно астростатистичко здружение

Меѓународно астростатистичко здружение ― непрофитна професионална организација за астростатичари. Астростатистиката како дисциплина е составена од астрофизичари, статистичари и оние од информатичките науки кои имаат интерес за статистичка анализа и податочно рударење на астрономски податоци.[1] Здружението е основано како независна организација во август 2012 година од страна на Астростатистичкиот комитет и мрежата[2] на Меѓународниот статистички институт (МСИ).

Меѓународно астростатистичко здружение
International Astrostatistics Association (IAA)
Основана2012; пред 12 години (2012)
ВидУчено друштво
Цел„да ја поттикне соработката помеѓу астрономите, статистичарите и научниците за податоци низ целиот свет; да ја унапреди статистичката стручност меѓу членовите на астрономската заедница; да служи како светска организација посветена на напредокот на астростатиката и астроинформатиката“
СедиштеМилано, Италија
ПретседателЏогеш Бабу
Мреж. местоiaa.mi.oa-brera.inaf.it

Главната цел на МАЗ е да ја поттикне соработката помеѓу статистичарите и астрофизичарите. Со Здружението раководи Советот на МАЗ, составен од претставници од Астростатистичкиот комитет на МАЗ и работните групи за астростатистика на Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) и Американското астрономско друштво (ААД).[3] МАЗ има своја конвенција во соработка со Светскиот статистички конгрес на МСИ.[1]

Во април 2014 година, била создадена независна група со поддршка на МАЗ, Космостатистичка иницијатива (Cosmostatistics Initiative (COIN)),[4] со која претседавала д-р Рафаел С. де Суза Архивирано на 4 јуни 2023 г.. Иницијаивата е светски напор кој има за цел да создаде меѓудисциплинарна заедница околу проблемите водени од податоци во астрономијата. Таа била створена да промовира иновации во сите аспекти на академските научни истражувања.

Претседатели и мандати на МАЗ[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „International Astrostatistics Association : An Overview“. Asaip.psu.edu. Архивирано од изворникот на 8 декември 2014. Посетено на 4 јуни 2023.
  2. „ISI - INTERNATIONAL STATISTICAL INSTITUTE : ISI Committee“. Isi.cbs.nl. Архивирано од изворникот на 2018-10-12. Посетено на 4 јуни 2023.
  3. „Astrostatistics and Astroinformatics Portal“. Asaip.psu.edu. Посетено на 4 јуни 2023.
  4. „The Cosmostatistics Initiative: COIN“. cosmostatistics-initiative.org.

Надворешни врски

уреди