Меѓународни текови на капитал

Меѓународните текови на капитал го претставуваат движењето на капиталот (извозот и увозот на капитал) меѓу одделните земји.

Покрај долгорочниот пораст на меѓународната трговија, една од најважните одлики на меѓународните економски односи е брзиот пораст на извозот и увозот на капиталот. Две најважни форми на меѓународното движење на капиталот се странските директни инвестиции (СДИ) и портфолио инвестициите. Најголеми носители на СДИ се мултинационалните компании кои инвестираат во странство така што отвораат свои производни испостави (филијали, погони итн.), воспоставуваат свои претпријатија или пак го откупуваат контролниот пакет акции во постојните претпријатија во странство.[1] Странските директни инвестиции се најдинаммичната форма на меѓународно движење на капиталот. Така, во периодот 1986-1995 година, просечната годишна стапка на пораст на овие инвестиции изнесувала околу 22%, а на крајот на 1998 година, вкупниот износ на странски директни инвестиции во светот изнесувал 4 088 милијарди долари.[2]

Притоа, динамиката на СДИ зависи од повеќе фактори, како:[3]

Како портфолио инвестиции се смета инвестирањето во странство со кое секупува најмногу 10% од акциите на некоја фирма со право на глас, како и вложувањето во странски државни и корпоративни обврзници. Како што може да се забележи, за разлика од СДИ, целта на портфолио инвестициите не е да се преземе странската фирма, туку инвестирањето е мотивирано од финансиски побуди (максимизирање на приносот и диверзификација на ризикот).[4]

Наводи

уреди
  1. Таки Фити, Економија. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 453-454.
  2. Таки Фити, Економија. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 455.
  3. Таки Фити, Економија. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 455-456.
  4. Таки Фити, Економија. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 456.