Меѓународен стандарден библиографски опис
Меѓународен стандарден библиографски опис[1] (крат. ISBD, од англ. International Standard Bibliographic Description) — збир правила осмислени од Меѓународниот сојуз на библиотекарски здруженија и установи (IFLA) со цел да се создаде библиографски опис во стандарден, читателски облик, со особена примена во библиографијата и библиотечните каталози. Во 2007 г. е објавено консолидирано издание на стандардот, преработено во 2011, како замена за постарите наменски делови на ISBD посветени посебно на монографии, постари монографски публикации, картографски материјали, сериски и други ресурси во продолженија, електронски ресурси, некнижни материјали и музички партитури (нотна граѓа). Со ISBD раководи Рецензентската група за ISBD во составот на IFLA.
Една од првичните цели на ISBD е воведување на стандарден облик на библиографски опис погоден за меѓународна размена на записи. Ова оди во прилог на програмот на IFLA за единствена и сеприсутна библиографска контрола.
Во Република Македонија за ISBD е одговорна Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“[2]
Рамковна шема на записот
уредиISBD пропишува осум оддели на описот.[3][4] Секој оддел (освен одделот 7) е составен од повеќе елементи со распоредени класификации. Елементите и одделите што не важат за дадена единица се изоставаат од описот. Елементите и одделите се одвојуваат со стандардизирана интерпункција (две точки, точки-запирки, коси црти, тириња, запирки и точки). Редоследот на елементите и стандардизираната интерпункција го олеснуваат толкувањето на библиографскиот запис кога лицето не го познава јазикот на кој е напишан описот.
- 1: наслов и изјава за одговорност, со следнава содржина [5]
- 1.1 Стварни наслови и податоци за одговорност
- 1.2 Општа материјална определница
- 1.3 Напореден наслов
- 1.4 Други насловни информации
- 1.5 Изјави за одговорност
- 2: издание
- 3: материјал или вид граѓа (на пр. размер на карта, нумериација на сериската публикација)
- 4: издавање, дистрибуција итн.
- 5: физички опис (на пр. број на страници во книгата или број на ЦД-а во комплетот)
- 6: издавачка целина (серија)
- 7: забелешки
- 8: стандарден број (на пр. ISBN, ISSN) и услови на достапноста
ISBD(A) го пропишува претставувањето на библиографски публикации за стари и ретки книги, што може да се однесува на оние од областа на археологијата, музеите, лицитации на старини (антиквитети), канонски текстови и сл.[6]
Најчести англиски кратенки во физичкиот опис
уредиКратенка | Макед. еквив. | Значење | Превод | Објаснување | |
---|---|---|---|---|---|
v. | т. | volume(s) | томови | Некои дела се состојат од неколку посебни книги, на пр. том 1, том 2 итн. | |
lowercase roman numerals (preceding "p.") | мали римски букви (пред „стр.“) | number of pages of front matter | број на страници во предниот дел | предниот дел на книгата обично не се нумерира со арапски бројки во рамките на главната содржина на книгата. | |
p. | стр. | page(s) | страници | Број на страници нумерирани со арапски бројки што ја сочинуваат главната содржина на книгата | |
lowercase roman numerals (по „стр.“) | мали римски бројки | number of pages of back matter | број на страници во задниот дел | По избор; во задниот дел прилозите и индексите и сл. честопати нумерираат во рамките на арапската нумерација на главната содржина на книгата. | |
ℓ | л. | leaf/leaves | лист(ови) | Секој лист хартија содржи две страници - лице и опачина. Понекогаш под „л“ се вбројуваат и разни ненумерирани страници. Денес оваа кратенка е застарена бидејќи се изразува со цел збор (лист, листови). Ова мало ракописно л се претставува со уникодната шифра U+2113. | |
ill. или illus. | илустр. | illustration(s) | илустрации | ||
ports. | портр. | portrait(s) | портрети | Понекогаш е наведен бројот на илустрации што се портрети. | |
cm | см | height of book in centimeters | висина на книгата во сантиметри | Висината се изразува во сантиметри, мерејќи од долниот до горниот крај на корицата т.е. колку би била висока кога стои на полицата. | |
s.l. | б.м. | sine loco („без место“ на латински) | без место | Кај библиографиите - местото на издавање на документот не е познато. | |
s.n. | б.и. | sine nomine („без име“ на латински) | без име | Кај библиографиите - издавачот на документот не е познат. |
Пример
уредиЕве пример за типичен запис според ISBD:
A manual for writers of research papers, theses, and dissertations : Chicago style for students and researchers / Kate L. Turabian ; revised by Wayne C. Booth, Gregory G. Colomb, Joseph M. Williams, and University of Chicago Press editorial staff. — 7th ed. — Chicago : University of Chicago Press, 2007. — xviii, 466 p. : ill. ; 23 cm. — (Chicago guides to writing, editing, and publishing). — Includes bibliographical references (p. 409-435) and index. — ISBN 978-0-226-82336-2 (cloth : alk. paper) : USD35.00. — ISBN 978-0-226-82337-9 (pbk. : alk. paper) : USD17.00
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Во Македонија ISBD се нарекува и „Меѓународен стандард за библиографски опис“ [1]
- ↑ CIP - Катaлогизација во публикација: 5. Обврски на НУБ “Св. Климент Охридски” - Скопје
- ↑ IFLA. „ISBD(G): Општ меѓународен стандарден библиографски опис“. Посетено на 19 април 2010. (англиски)
- ↑ IFLA. „ISBD(ER): Меѓународен стандарден библиографски опис за електронски ресурси“. Посетено на 19 април 2010. (англиски)
- ↑ IFLA. „Меѓународен стандарден библиографски опис: Прелиминарно консолидирано издание“ (PDF). Посетено на 19 април 2010. (англиски)
- ↑ IFLA. „ISBD(A): Меѓународен стандарден библиографски опис за постари монографски публикации (антикварски)“. Посетено на 19 април 2010. (англиски)
Наводи
уреди- Chan, Lois Mai. Cataloging and Classification: an introduction. New York: McGraw-Hill Humanities, 1994.
- International Standard Bibliographic Description (ISBD). Preliminary consolidated ed. München: K.G. Saur, 2007. (IFLA series on bibliographic control, vol. 31)[2]
- Svenonius, Elaine. The Intellectual Foundation of Information Organization. Boston: The MIT Press, 2000.
Надворешни врски
уреди- „Прирачник за млади библиотекари“: Стандард ISBD Архивирано на 10 февруари 2012 г. — Миле Бошески (македонски)
- Резензентска група за ISBD (англиски)