Методија Нешковски

Методија Нешковски (Битола, 23 септември 1950 - Скопје, 19 јануари 2011) — македонски стручњак од областа на гастроентерологијата и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Методија Нешковски
Роден 23 септември 1950
Битола, Македонија Македонија
Починал 19 јануари 2011
Скопје, Македонија Македонија
Занимање гастроентеролог и универзитетски професор

Животопис

уреди

Нешковски е роден на 23 септември 1950 година во Битола. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1975 година, а истата година бил вработен на Клиниката за гастроентерологија, каде ги минал сите скалила на својот стручен и академски развој, профилирајќи се во врвен гастроентеролог, познат по својата стручна и научна активност во земјата и надвор од неа. Би директор на Клиниката за гастроентерологија и продекан за настава на Медицинскиот факултет. Во рамки на македонската гастроенетерологија оставил посебен белег на полето на интервентната абдоминална ултрасонографија и болестите на панкреасот. Починал во Скопје на 19 јануари 2011 година.[1]

Наводи

уреди
  1. „Последен збор -Методија Нешковски 1950 – 2011, професор“. Утрински Весник. 20 јануари 2011, 18:10. Посетено на 2011-12-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]