Металотионеин e фамилија на белковини богати со цистеин и мала молекулска маса (од 500 до 14000 Da). Металотионеинот ги врзува како физиолошките (цинк, бакар, селен) и ксенобиотските (кадмиум, жива, сребро, арсен) тешки метали, преку поврзување со тиолната група од цистеинските остатоци, кои претставуваат приближно 30% од аминокиселинските остатоци во белковината.[1]

Металотионеинот бил откриен во 1957 година, од бубрежната кора кај коњ.

Наводи

уреди
  1. Sigel H, Sigel A, уред. (2009). Metallothioneins and Related Chelators (Metal Ions in Life Sciences). Metal Ions in Life Sciences. 5. Cambridge, England: Royal Society of Chemistry. ISBN 1-84755-899-2.