Месо и крв (филм)

филм

Месо и крв - холандско-шпански филм од 1985 година, режиран од Пол Верховен (Paul Verhoeven), кој е автор и на сценариото, заедно со Џерард Зотман (Gerard Soeteman). Сценариото е делумно засновано на неискористен материјал од холандската ТВ серија „Флорис“, каде што дебитирале Џерард Зотман, Пол Верховен и Руџер Хауер. Главните улоги ги играат: Руџер Хауер (Rutger Hauer), Џенифер Џејсон Леј (Jennifer Jason Leigh), Том Бурлинсон (Tom Burlinson), Џек Томпсон (Jack Thompson), Фернандо Хилбек (Fernando Hilbeck), Сузан Тајрел (Susan Tyrrell), Роналд Лејси (Ronald Lacey), Брајон Џејмс (Brion James), Џон Денис Џонстон (John Dennis Johnston), Бруно Кирби (Bruno Kirby) итн. Дејствието на филмот се случува во Европа во 1501 година, а насловот имплицира на „сексот и насилството“ како главни теми на филмот. Филмот следи група на платеници во нивните битки, грабежи, силувања и забави. Ова е првиот филм на Верховен кој бил забележан во меѓународни размери. Покрај со одличната режија и уверливата сценографска и иконографска реконструкција на доцниот среден век, „Месо и крв“ се одликува со динамична нарација, голема енергија, импресивна фотографија и впечатливиот настап на глумците, предводени од Хауер и Џејсон Леј.[1]

„Месо и крв“
РежисерПол Верховен
ПродуцентЏијс Верслујс
СценаристЏерард Сотман
Пол Верховен
Главни улогиРуџер Хауер
Џенифер Џејсон Леј
Том Бурлинсон
Роланд Лецеј
Сузан Тирел
Џек Томпсон
МузикаБасил Поледоурис
КинематографијаЏан де Бонт
МонтажаИн Шенкан
ДистрибутерOrion Pictures
Премиера10 јуни 1985 (1985-06-10) (SIFF)
30 август 1985 (1985-08-30)
Времетраење126 мин.
ЗемјаХоландија
Шпанија
Јазиканглиски
Буџет6.500.000 $
Бруто заработка100.000 $

Заплет

уреди

Филмот започнува во 1501 година. Неименувана земја во Западна Европа е под опсада. Благородникот Арнолфини (го игра Хилбек), претходниот владетел на градот, изнајмува многу платеници за да го вратат на престолот. Платениците ги предводи Хоквуд (го игра Томпсон), а во неговата војска се наоѓа и храбриот Мартин (го игра Хауер). Синот на Арнолфини, Стивен (го игра Барлинсон), се обидува да ги отвори градските порти со помош на експлозив, но неговиот експериментален план комично пропаѓа. Градот треба да биде заземен со традиционален напад. За да ги мотивира своите луѓе, Арнолфини им дава 24 часа да зграбат каков било плен што ќе го најдат во градот. Планот успеава и платениците успешно го заземаат градот и ги колат одбранбените војници. За да се ослободи од платениците, во договор со Хоквуд и служејќи се со измама, Арнолфини успева да ги избрка платениците од градот, а Мартин решава да им се одмзади на двајцата. Наскоро, тој дознава дека Стивен ќе се ожени со убавата принцеза Агнес (ја игра Џејсон Леј). Мартин собира група насилници и ја грабнува Агнес во која набрзо се заљубува.[1]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди