Мескал

мексикански жесток пијалак

Мескал е дестилиран алкохолен пијалок направен од различен вид на агава.

Мескал
Mezcal_bottles_.jpg
Bottles at a factory in Teotitlán del Valle, Oaxaca
Типалкохолни пијалаци
Земја на потеклоМексико
Се појавил17-ти век
Алкохол по волумен40–55%
Степен80–110°
БојаПроѕирен или со златно-жолта боја
Состојкиагаве
Сродни производитекила, рајсија, пулке

Агавите или магите се ендемични на Америка и се наоѓаат на глобално ниво како украсни растенија. Домородните ферментирани пијалоци од растението магај, како што е пулке, постоеле пред доаѓањето на Шпанците, но потеклото на мескалот е поврзано со воведувањето на филипински типови казани за дестилирање на алкохол во Нова Шпанија од филипински мигранти во доцните 1500-ти и раните 1600-ти години. Овие казани првично се користеле за правење ламбаног (алкохол од палма), но домородните народи од крајбрежните региони на Тихиот Океан во Мексико ги прифатиле и се применувале на дестилација на агава за да се направи мескал.

Мескал е направен од срцето на растението агава, наречено пиња. Има речиси 200 видови на агаве а Мескал се прави од повеќе од 30 видови, сорти и подсорти на агава, за разлика од текилата, која се прави само со сина агава. 90% од мексиканскиот мескал доаѓа од Оахака. Во Мексико, мескалот обично се консумира директно и има силен чаден вкус. Иако другите видови мескал не се толку популарни како текилата, Мексико го извезува производот, главно во Јапонија и САД, а извозот се зголемува како што алкохолот расте во популарност.

И покрај сличното име, мескалот не содржи мескалин или други психоделични супстанции.

Етимологија

уреди

Зборот mezcal доаѓа од ацтечкиот јазик, што значи „агава варена во рерна“. [1]

Послужување

уреди
Мескал послужен со портокал и сол (лево) Тепозтлан и (десно) Остин, Тексас

 Во Мексико, мескалот обично се пие чист, наместо да се меша во коктел.[2][3] Мескалот генерално не се меша со други течности, но често е придружен со исечени портокали, лимон или лимета попрскана со мешавина од мелени пржени ларви, мелени чили пиперки и сол наречена сал де гусано, што буквално се преведува како „сол од црви“. Поговорката што му се припишува на Оахака во врска со пијалокот е: "За сите лоши, мескал, и за сите добри, исто така, а ако нема лек, литар и половина").[2][4]

Во САД, Европа и Јапонија, мескалот се повеќе станува истакната состојка на многу менија со коктели.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „mescal distilled liquor Britannica“. Encyclopaedia Britannica (англиски). Посетено на 29 July 2022.
  2. 2,0 2,1 „Oaxaca Mezcal“. Go Oaxaca. Архивирано од изворникот на 19 May 2011. Посетено на 5 June 2011.
  3. Saltzstein, Dan (21 April 2009). „Hoping Mezcal Can Turn the Worm“. The New York Times. Посетено на 9 October 2009.
  4. Galicia, Angelica (9 September 2007). „¡Salud a la mexicana!: el mezcal“ [Health, Mexican Style: Mezcal] (шпански). Mexico City: Terra. Архивирано од изворникот на 23 February 2012. Посетено на 19 October 2009.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди