Меровиншка уметност
Меровиншката уметност е уметност на меровиншката династија на Франките, која опстојала од V век до VIII век во денешна Франција, Бенелукс и дел од Германија. Доаѓањето на меровиншката династија во Галија во V век довело до значајни промени во областа на уметноста. Скулптурата назадувала да биде малку повеќе од едноставна техника за украсување на саркофази, жртвеници и црковен мебел. Од друга страна, златарството и новиот медиум на ракописното осветлување интегрирале „варварски“ животински декоративен стил, со доцноантички мотиви и други прилози од расојание на кое што се наоѓа Сирија или Ирска за да се состави меровиншката уметност.
Архитектура
уредиОбединувањето на Франкиското царство под Хлодовик I (465-511) и неговите наследници, кореспондирало со потребата од изградба на цркви и посебно манастирски цркви, кои претставувале главен извор на моќ за меровиншката црква. Плановите често ја продолжувале традицијата на римската базилика, но исто така попримиле и влијание на оддалеченост на кои биле Сирија и Ерменија. На истокот, повеќето градби биле од дрво, но каменот бил покарактеристичен за значајните градби на западот и во јужните делови кои подозна биле под меровиншка власт. Главните цркви биле реконструирани, најчесто повеќепати, но многу меровинчки планови биле реконструирани од археологија. Описот во „Историја на Франките“ на епископот Григориј Турски за базиликата на Сен Мартин, изградена во Тур од Св.Перпету (епископ 460-490) на почетокот на периодот, а во тоа време на работ на франкиската територија, е причина да се жали за исчезнувањето на оваа градба, една од најубавите неровиншки цркви, за кои вели дека имала 120 мермерни столбови, кули на источниот крај, како и неколку мозаици: "Сен Мартин прикажал вертикално истакната комбинација на блок-единици кои формираат сложен внатрешен простор и соодветно богата надворешна силуета, која требало да биде заштитен знак на романескното".[1] Одлика на базиликата на Св.Мартин кој станал симбол на црковната архитектура на Франките бил саркофаг или реликвијар на светецет издигнат да биде видлив и седнат осно зад олтарот, понекогаш во Апсида. Нема римски преседани за оваа Франкиска иновација.[2] Црквата Сен Петар во Вјен е единствената преживеана. Бројни друго градби, сега загубени, меѓу кои меровиншките темели на Сен Дени, Сен Гереон во Келн и „Сен Жермен де Пре“ во Париз се опишани слично раскошни.
Некои мали градби преостануваат, особено крстилниците кои излегле надвор од мода и биле поштедени од реконструкција. Во Екс ан Прованс, Риез и Фрежис, три октагонални крстилници, секоја покриена со купола на столбови, сведочат за влијанието на ориенталната архитектура. Многу поразлично од овие провинциски крстилници, таа на Сен Жан во Поатје (XI век) има форма на правоаголник опкружен со три апсиди. Оригиналната градба веројатно претрпела неколку измени, но е зачувувана декорацијата на меровиншкиот карактер.
Покрај многуте крипти, многу поради важноста на култот на светците во тоа време, само тие на Св.Сурин, Бордо, Св.Лорен, Гренобл и опатијата на Жуар (XII век) успеале да опстанат.
Други уметности
уредиОд 7 век, способностите на меровиншките занаетчии мора да биле добро познати, како што биле донесени во Англија повторно да ги воведат вештини за правење стакло, како и меровиншките каменорезачи биле користени за изградба на англиски цркви.[3] Меровиншките ѕидари, исто така, во голема мера ја применувале вештината "opus gallicum" и се одговорни за нејзино пренесување во Англија и за нејзино препуштање на Норманите, кои ја донеле во Италија.
Многу малку ммеровиншки илуминативни ракописи преживеале, од кои побогато украсен е Гелазискиот сакрамент од XIII век во ватиканската библиотека, кој има геометриска и животинска декорација, помалку сложен од оној на Островската уметност на Британските Острови, но произлегуваат од металопреработувачки мотиви, со некое влијание од доцната антика и Блискиот Исток. Главните центри биле Луксејската опатија, ирска фондација, а подоцна неговата ќерка-куќа во Корбиската опатија.
Голема меровиншка уметничка колекција во Берлин била земена од страна на советските окупатори во Русија, каде што останува сè до денешен ден.
Галерија
уредиПоврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ V.I. Atroshenko and Judith Collins, The Origins of the Romanesque (Lund Humphries, London) 1985, p. 48. ISBN 0-85331-487-X
- ↑ Werner Jacobsen, "Saints' Tombs in Frankish Church Architecture" Speculum 72.4 (October 1997:1107-1143).
- ↑ Bede. The Lives of the Holy Abbots of Wearmouth and Jarrow.
Наводи
уреди- European Commission: Raphaël Programme. The Normans, a European people: The Norman heritage, 10th – 12th century. Architectural Heritage: Italy — the Molise §8 Fortifications and castles: Fortifications — The opus gallicum in the fortifications. Архивирано на 8 април 2012 г. 2004.
- Gilbert, Edward. "Brixworth and the English Basilica." The Art Bulletin, Vol. 47, No. 1. (Mar., 1965), pp 1–20.
- Bede. Lives of the Holy Abbots of Wearmouth and Jarrow.
Надворешни врски
уреди- Age of spirituality : late antique and early Christian art, third to seventh century from The Metropolitan Museum of Art
- A large collection of Merovingian art was taken from Berlin by the Soviet Occupation forces in 1945. Архивирано на 19 септември 2012 г.