Мерката на човекот (филм)

Мерката на човекот (француски: La loi du Marché) - американски филм од 1940 година, во режија на Стефан Бризе (Stéphane Brizé), кој е авотор и на сценариото, заедно со Оливие Горс (Olivier Gorce). Главните улоги ги играат: Венсан Линдон (Vincent Lindon), Карин де Мирбек (Karine de Mirbeck) и Матје Шалер (Matthieu Schaller). Филмот освоил бројни награди: на Европскиот филмски фестивал во Брисел ја освоил наградата на публиката; а на Канскиот фестивал, Линдон ја освоил наградата за најдобар глумец, Бризе ја освоил наградата на Екуменското жири, а бил номиниран и за „Златната палма“.[1]

Стефан Бризе, Кан 2018 година
Глумците и екипата на Филмскиот фестивал во Кан 2015
Стефан Бризе (втор од десно) во Буенос Аирес во 2019 година, на проекцијата на „Мерката на мажот“.

Синопсис

уреди

Во филмот се прикажуваат тешкотиите низ кои поминува Тјери (го игра Линдон), кој е отпуштен од работа. Тој упорно бара работа при што се пријавува на неколку интервјуа за вработување, но секаде го одбиваат. Истовремено, се обидува да ја продаде својата викенд-куќичка, но без успех. Сепак, најпосле успева да се вработи во обезбедувањето на една продавница. Како дел од работата, тој мора често да ги испитува купувачите и вработените кои се фатени во кражби. Откако една продавачка, фатена во кражба, ќе изврши самоубиство, Тјери ја напушта работата.[1]

Наводи

уреди