„Мери Селест“ или „Небесна Марија“ (англиски: Mary Celeste) — американски трговски брод што бил откриен во декември 1872 година напуштен во Атлантскиот Океан. Денес не е целосно потврдено како екипажот и патниците исчезнале од бродот, иако на денот на неговото откривање времето било мошне поволно и целиот екипаж бил искусен и добро упатен во морепловството. Последното отпловување на бродот било кон Гибралтар кога бродот поминал еден месец на море и имал залиха од храна и вода за шест месеци. Целиот товар на бродот при откривањето бил недопрен, па дури и личните работи на екипажот и патниците сè уште стоеле каде тие ги оставиле. Екипажот и патниците не се повеќе никогаш видени и денес случајот со „Мери Селест“ е една од најголемите поморски мистерии во светот.


Слика од 1861 од непознат автор.
Кариера (Британска Северна Америка)
Назив: Амазон
Сопственик: Џошуа Дуис, Вилијам Хенри Бигалоу и уште шест други инвеститори[1]
Пристаниште и Регистар: Парсборо, Нова Шкотска
Градител: Џошуа Дуис
Пуштен: мај 1861
Идентификација: МКС: JFWN[2]
Кариера (САД)
Сопственик: Џејмс Х. Винчестер (прв сопственик); Г. С. Паркер (последен сопственик)
Пристаниште и Регистар: New York
Градител: повторно изграден во Њујорк, 1872
Судбина: пронајден во близина на Азурните Острови во 1872.

Судбината на екипажот е предмет на шпекулации од различен вид. Теориите се движат од алкохолно предозирање, преку подводни земјотреси па сè до вонземски појави. Често има и предлози кои се слични со хипотетичките објаснувања на исчезнати бродови во Бермудскиот Т риаголник. Денес, името Мери Селест често се поврзува со мистериозни бродски појави и таканаречени бродови-духови.

Хронологија

уреди
  • 1861 – бил изграден „Амазон“ во Нова Шкотска, Канада
  • 1867 – онеспособен во бура во близина на Глејс Беј, Нова Шкотска
  • 1869 – поправен и продаден на американски сопственик. Преименуван во „Мери Селест“
  • 1872 – отпловил од Њујорк до Џенова на 7 ноември
  • 1872 – последен запис во дневникот на капетанот од 24 ноември
  • 1872 – последен запис на камен од бродот на 25 ноември
  • 1872 – бродот бил пронајден напуштен на 4 декември

Посада

уреди

Екипаж

уреди
име статус националност возраст
Бенџамин Бригс капетан Американец 37
Алберт Г. Ричардсон офицер на палуба Американец 28
Ендру Гилинг офицер на палуба Данец 25
Едвард Хед послуга и готвач Американец 23
Фолкерт Лоренсон морепловец Германец 29
Ариан Мартенс морепловец Германец 35
Бој Лоренсон морепловец Германец 23
Готлиб Гондесхал морепловец Германец 23

Патници

уреди
име статус возраст
Сара Елизабет Бригс жена на капетанот 31
Софија Матилда Бригс ќерка на капетанот 2

Наводи

уреди

Додатни информации

уреди

Надворешни врски

уреди