Проект „Менхетн“

(Пренасочено од Менхетен Проект)

Проект „Мехнетн“ — заеднички проект на САД, Обединетото Кралство и Канада кој имал за цел развој на јадрено оружје (атомска бомба) за време на Втората светска војна.

Менхетен проектот резултира со создавање на првата атомска бомба, и за првпат во историјата јадрена детонација, 16 јули, 1945.

Историја

уреди

Во 1939 година американските научници го натерале претседателот Френклин Рузвелт да направи програма за истражување на потенцијалната воена примена на физијата и биле одвоени 6.000 долари. До 1942 проектот бил кодиран како Менхетен, по местото на Колумбискиот универзитет, каде што било направено почетното истражување. Истражувањето, исто така, се вршело и на Универзитетот во Калифорнија и на Универзитетот во Чикаго. Во 1943 година била основана лабораторија за конструирање на бомбата во Лос Аламос, Ново Мексико, и бил составен тим од научници на чело со Ј.Роберт Опенхајмер. Производството, исто така, се извршило и во Оук Риџ, Тенеси, и Ханфорд, Вашингтон. Првата бомба била пробно експлодирана во Аламогордо, воздухопловна база на југ во Ново Мексико. До својот крај проектот чинел околу 2 милијарди долари (22 милијарди долари во сегашно време) и вклучил 125.000 луѓе.