Меморијален музеј на Иво Андриќ

Меморијалниот музеј на Иво Андриќ е дел од Музеј на град Белград и е отворен во 1976 година во станот на Андриќев венац 8, каде писателот живеел со сопругата Милица Бабиќ од 1958 година. Музејот го одржува Фондацијата Иво Андриќ.

Зачуван е автентичниот распоред и изглед на влезниот хол, дневната соба и работната соба на Андриќ а поранешните две спални соби се претворени во изложбен простор, каде е отворена постојана изложба која го прикажува животниот пат на Андриќ и значајните точки од неговото творечка биографија со различни експонати. Покрај репрезентативните документи (индекси, пасоши, плакети, дипломи, Нобелова плакета и медал, Вукова награда, почесни докторати) и фотографии, изложбената поставка содржи и оригинални ракописи од делата на Андриќ, писма, изданија на неговите книги на различни јазици, како и некоо лични предмети на писателот.

Личната библиотека на Андриќ, чиј поголеми дел се наоѓа во неговиот работен кабинет, содржи 4.502 книги, музеолошки е обработена и библиотечно опишана. Во тек е обемна работа на пренесување на маргиналиите и белешките на Андриќ во електронска форма. Овој материјал е внесен во базата на податоци и ќе може да се пребарува според различни критериуми.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди