Мексиканска огненонога тарантула
Мексиканска огненонога тарантула | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Членконоги |
Класа: | Пајаковидни |
Ред: | Пајаци |
Семејство: | Тарантули |
Род: | Краткотабани тарантули |
Вид: | Мексиканска огненонога тарантула |
Научен назив | |
Brachypelma boehmei Шмит и Клас, 1993 |
Мексиканска огненонога тарантула[1] — тарантула чие живеалиште е во државата Гереро во Мексико.[2]
Овие тарантули сакаат да живеат во полувлажни климатски услови, и задолжително живеат во подземни дупки. Како и со сите други сродни видови на тарантули, тие се бранат со исфрлање на надразнителни влакненца во моментот кога ќе се почувствуваат загрозени. Тие не се вид на тарантули кој е најлесен за чување и истите треба да се чуваат во заробеништво доколку можат да се чуваат со неколку други видови.
Изглед и особености
уредиМексиканската огненонога тарантула наликува на својата подобро позната роднина, мексиканската црвеноколенеста тарантула (Brachypelma smithi) со својата драмтична портокалово-црна обоеност.[3] Иако возрасните единки достигнуваат големина од 13-16 см. Овие видови на тарантули имаат спор раст за разлика од другите видови поголеми јужноамерикански тарантули. Црниот горен дел од нозете обезбедува темна граница меѓу изразената портокалова боја на долниот дел од нозете. За разлика од портокаловите зглобови кај мексиканската црвеноколенеста тарантула, тие постепено бледнееат во нијанаса на портокалова, по должината на ногата.[4] Иако не се особено одбрабени, овој вид на пајаци има доста нестабилна природа, при што истиот може да ги протрие нозете за да ослободи иритирачки нозе.[5]
Распространетост и живеалиште
уредиЖивеалиштето на мексиканската огненонога тарантула е Мексико, по должина на централниот брег на Тихиот Океан во западната мексиканска држава Гереро,[6] каде живее во суви грмушести предели, во подземни дупки, кои ги имаат ископано самите или пак се напуштени од гуштери или пак глодачи, особено под камења или пак паднати трупци.
Биологија
уредиТарантулите од овој род се долговечни, при што мажјаците својата полова зрелост ја достигнуваат на седум или осум години, додека пак женките на девет или десет години. Додека мажјаците живеат само една година по последното митарење, женките можат да живеат и до десет години. Недораснатите и возрасните единки се митарат при крајот на сувата сезона од (ноември до јуни), по што мажјаците ќе започнат потрага по женки со кои истите би се спариле. По спарувањето, времето кое женката го минува во бременост и положувањето на јајцата се случува по митарењето. Доколку женката се измитари пред да ги снесе јајцата, јајцата и спермата се губат при митарењето. Доколку оплодувањето е успешно пајачињата од јајцата се изведуваат три до четири недели пред да започне дождливата сезона.[4] Мексиканските огненоноги тарантули се доста активни во ноќта, но тие исто така се активни и за време на денот, особено во утрото и приквечерието.
Зачувување
уредиКако и со останатите видови краткотабани тарантули (Brachypelma) од западот на Мексико, овие видови се популарни миленичиња поради нивната мирољубивост и изразени бои, што за жалост доведува интензивно да се собира во дивината. Илегалната трговија со миленичиња, заедно со натамошното уништување на природното живеалиште и високиот степен на смртност пред да се постигне сексулана зрелост, предизвикува особена загриженост за иднината на овој вид на тарантула.[7]
За да се регулира комервијалната трговија преку границите, овој вид е класифициран во додатокот II на конвенцијата за меѓународна трговија за загрозени видови (CITES). Во Мексико, потребни се дозволи за да се соберат или пак отстранат тарантулите од овој вид од своите живеалишта. Овој вид на тарантула се во голем број се одгледува во заробеништво со што се намалува потребата од негово собирање во дивината.[4]
Како миленици
уредиВо заробеништво, возрасните мексикански огненоноги тарантули вообичаено се хранат со скакулци, супербрашнени црви, брашнени црви и аргентински лебарки. Малечкие вообичаено се хранат со претходно убиени брашнени црви, иглестоглави скакулци, малечки аргентиснки лебарки, безкрилни овошни муви, и сите останати помали инсекти кои немаат одбранбени мерки.
Кога тарантулите се чуваат како еден вид на хоби, мора да се има предвид дека мексиканската огненонога тарантула и многу други видови на тарантули се загрозени видови и требаво заробеништво да се чуваат домашно одгледани тарантули.
Наводи
уреди- ↑ „The Omaha Newspapers“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-06-27.
- ↑ „Map“. Архивирано од изворникот на 2011-11-04. Посетено на 2015-06-27.
- ↑ „Brachypelma boehmei“. Latrodectus.net. November 2005. Архивирано од изворникот на 2012-08-17. Посетено на July 21, 2011.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Locht, A., Yáñez, M. and Vázquez, I. (1999). „Distribution and natural history of Mexican species of Brachypelma and Brachypelmides (Theraphosidae, Theraphosinae) with morphological evidence to support their synonymy“. The Journal of Arachnology. 27 (1): 196–200.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Tarantula“. Tarantulas.com. November 2005. Архивирано од изворникот на 2008-09-12. Посетено на July 21, 2011.
- ↑ West, R. (2005). „The Brachypelma of Mexico“. Journal of the British Tarantula Society. 20 (4): 108–119.
- ↑ West, R. (2008) Pers. comm.
Оваа статија содржи преведен текст од записот „Mexican rustleg tarantula“ на ARKive, ставени под лиценците Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 3.0 Нелокализирана и ГЛСД.
Надворешни врски
уреди„Мексиканска огненонога тарантула“ на Ризницата ? |