Медах претставува уметност на раскажување на драматичен начин и често е претставена во исламските земји. Медах го изведува турски традиционален раскажувач. Тој ги прикажува сите ликови пред мала група луѓе најчесто во кафиќ. Медах е регистриран во 2008 година на Репрезентативниот список на нематеријално културно наследство на човештвото.

Историја

уреди
 
Медах од времето на Отоманската империја

Медах во турската култура ја обединува традицијата на народните поети озан од предисламскиот период и богатата култура по прифаќањето на исламската религија.[1] Медах бил особено застапен во Османлиското царство. Еден раскажувач пред помала група на луѓе изведувал перформанс на раскажувања игри со различни ликови. Медах може да користи и реквизити како што се чадор, шамивче или некоја покривка за глава (капа, шешир) за јасно да ја сигнализира промената на карактерот. Медах бил вешт во имитирање на различни гласови и имитирање на различни дијалекти. Временски не бил ограничен и се прилагодувал на приказната и интеракцијата со публиката. Квалитетот на самата изведба зависел од атмосферата помеѓу раскажувачот и гледачите, способноста на Медахот да имитира, импровизира, раскажува шеги, кои се однесуваат на современите настани. Општествената и политичката критика честопати биле предмет на цензура.[2] Најголем процут Медахот постигнал во втората половина на 16 век во Истанбул, во кој тогаш нагло се зголемил бројот на кафеџилници каде што настапувале Медах раскажувачите.[1] Почетокот и крајот на претставата секогаш биле со вкалупени фрази и клишеа. Потоа раскажувале приказни од постарата турска традиција, понекогаш со нерелигиозни теми и теми од секојдневниот живот. Особено биле популарни љубовните народни приказни на блискоисточните народи.[1]

Каде учествувале

уреди

Медасите учествувале во кафаните каде што се служело кафе, караван-сараите, базарите, црквите. Најмногу настапувале пред неписмените жители.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Aykut, Ksenija (2017). Турски фолклор. Лапово: Колор прес. стр. 84–86.
  2. „Arts of the Meddah, public storytellers“. Унеско. Посетено на 1 јули 2022.
  3. „MEDDAHLIK VE MEDDAH HİKAYELERİ İLE İLGİLİ ÖNEMLİ BİR ESER" (PDF). turkiyatjournal. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 август 2021. Посетено на 1 јули 2022.

Надворешни врски

уреди